1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ромка со амбиции за директорка

Македонскиот парламент вчера (01.04) донесе Предлог на декларација за унапредување на положбата и правата на Ромите. Најголем проблем за Ромите, покрај сиромаштијата, е образованието. Но, има и позитивни примери.

default

Положбата и правата на Ромите се дежурна тема во април кога светот го одбележува нивниот ден и кога институциите донесуваат одредена декларација што треба да и‘ го подобри животот на оваа заедница во македонското општество. Во меѓувреме, преовладуваат стереотипите и предрасудите кои дискриминираат. Ромите живеат меѓу нас, но поголемиот број од нив се оставени на маргините на општеството. Статистиката е немилосрдна. Дури 90 проценти од Ромите во Македонија живеат во тешка сиромаштија, во неурбанизирани населби, без образование и без работа. 20 проценти од вкупниот број немаат ниту за леб.

90 проценти од Ромите во Македонија живеат во тешка сиромаштија

90 проценти од Ромите во Македонија живеат во тешка сиромаштија

Се разбира има и позитивни примери, кои им пркосат на билансите. Фетије Демировска е студентка со големи амбиции. „Со амбиција да станам директорка“, вели Демировска.

Само 10 проценти Роми завршуваат основно образование

Во Македонија живеат околу 55 илјади Роми, што претставува околу 2,6 проценти од вкупната популација. Но, со оглед на тоа дека многу Роми не се регистрирани, се проценува дека нивниот број е

Само 25 проценти од Ромите учествуваат во образовниот процес

Само 25 проценти од Ромите учествуваат во образовниот процес

три пати поголем. Македонија се гордее со тоа што е прва држава во која Ромите се признати како конститутивен народ, а Шуто Оризари е единствената ромска општина во Европа. Убавата страна на приказната ја заокружува податокот дека од година во година е се‘ поголем бројот на образовани Роми, вклучени во општествениот живот и Роми на раководни позиции. Најголем проблем за ромското население, покрај сиромаштијата, е образованието.

„Затоа што само 25 проценти од Ромите учествуваат во образовниот процес, а само 10 проценти од децата завршуваат основно образование. Тоа покажува дека е огромен бројот на неписмените.“

Ромите се мирољубив народ од соседството, кој за својата еманципација се бори мирно, тивко, полека.

Фетије е млада, еманципирана, но сепак, смета дека дискриминација постои. Во 2005 почна Декадата на Ромите. До 2015 година Владата и голем број граѓански асоцијации и невладини организации треба да спроведат низа конкретни мерки за еманципација на Ромите.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM