1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ромите се борат против предрасудите

На вториот Самит на Ромите во Кордоба, претставниците од Македонија ќе ја претстават Црно-белата книга, односно позитивните и негативните примери од животот на Ромите.

default

Младите образовани Роми од повеќе европски земји работат и се борат за промена на одамна вкоренетите стереотипи за нивниот народ и тивката дискриминација, која се’ уште постои. Тие се борат за промовирање на заедничка европска визија. Интернационалната кампања „Типичен Ром“, која се реализира во неколку балкански земји, меѓу кои и Македонија, беше чекор во таа насока.

Координаторот на проектот за Македонија, Мустафа Јакупов потсетува дека Ромите се тука и треба да им се посвети внимание, за и тие да го најдат своето респектирано место во општеството. „Во Македонија и покрај се’, како што констатиравме од проектот“, вели Јапупов, „за жал се’ уште постои тивка дискриминација на Ромите. Затоа овој проект е чекор напред против таа дискриминација“.

Gandhi School in Pecs, Hungary

Образованието е просперитет за Ромите

Јакупов заедно со своите колеги, ќе ја претстави Црно- белата книга од Македонија на вториот Самит на Ромите: „Секој народ има свои негативни и позитивни вредности. Во Црно-белата книга што ќе ја претставиме на Самитот на Ромите во Кордоба ние сакаме преку конкретни примери да им покажеме на другите народи дека освен негативни имаме и позитивни работи, да им кажеме на другите дека и ние вредиме“, вели Атика Демирова.

Семрани Идризовска, средношколка, кој е вклучена во проектот вели, дека преку него тие сакаат да ја сменат сликата за Ромите. „И тоа што е посебно за нас, преку промоција на тоа, ние се најдовме и самите себеси“, вели Идризовска. Таа на сите Роми на мајчин ромски јазик им упати порака: „Не се срамете да бидете Роми, не го кријте својот идентитет, бидејќи и ние Ромите имаме наша богата култура и традиција, која достојно треба да им ја презентираме на другите.“

Проектот „Типичен Ром“ и воопшто здружувањето на Ромите во невладини организации во многу придонесе за промена на свеста на младите Роми и за нивно се‘ поголемо вклучување во образованието, заклучува координаторот на проектот Мустафа Јакупов. Спроед него, само учени и академски образовани, Ромите можат да се борат и изборат за својот идентитет.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Александра Трајковска