1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ромите во Франција меѓу прилагодувањето и традицијата

Трагите на Ромите во Франција водат назад до 15. век. Тие и денес сѐ уште се борат против дискриминација и го осудуваат остриот однос кон новите доселеници од Источна Европа.

На црно-бела фотографија е прикажана мала група луѓе. Деца клекнати на песок покрај гусена печка со вперен поглед во фотоапаратот. Темнокоси жени и мажи се групирани околу двајца свирачи на гитара. Триесет и шестгодишниот Баро ја има заокружено главата на дедо му и покажува на свирачот на гитара со цигара на крајот од устата - Џанго Рајнхарт, основач на европскиот џез и дел од големата белгиско-француска фамилија Мануши, етничка група која во Западна Европа е населена од 15. век.

Баро, исто како Џанго Рајнхарт, израснал во источното париско предградие Монтреј. Пред неколку години го запознал Каке. Денес двајцата создаваат хип хоп музика, миксаат битови со звуци на гитара и виолина. Нивните текстови

Roma in Frankreich Archivfoto Musiker Django Reinhardt

Музичарот Џанго Рајнхарт (архивска фотографија)

сведочат за гордоста на сопственото потекло и лутината поради секојдневната дискриминација, особено откако поранешниот претседател Никола Саркози во 2010 година нареди расчистување на десетици кампови на Ромите. „Во времето на Саркози луѓето почнаа да мислат дека можат со право да кажат ’валкан Циган’. Ако Претседателот вели ’Циганите се крадци, ќе ги затвориме сите, тие крадат од детски нозе’, тогаш луѓето ќе си речат ’Ако Претседателот тоа го вели, мора да е точно’.“

Французи од втора класа

Името Саркози остави горчлив вкус кај сите Роми во Франција, не само кај околу 20-те илјади мигранти од Романија и Бугарија, чии провизорни кампови со години се растурани од страна на полицијата. Климата е заострена и за луѓе како Баро и Каке, значи луѓе кои со децении, па и векови, живеат во Франција. Тие имаат француско државјанство, но и покрај тоа се чувствуваат како граѓани од втора класа. „Моите деца одат на училиште, но другите не знаат дака тие се Мануши, не затоа што се срамиме, туку затоа што не сакаме да бидат поради тоа навредувани“, објаснува Баро, а Каке брзо додава: „За работа е исто - ако им кажеш дека си Циган или Мануш, тогаш не те вработуваат. Или пак те вработуваат и те набљудуваат и веднаш штом нешто ќе снема, за нив е јасно дека сме ние виновни.“

Frankreich Abschiebung Roma

Роми, Цигани, Мануши, Синти... За човек да се снајде во џунглата на поими, препорачливо е да се посети здружението „Патувачки народ“, скриено во еден двор во 19. Париски арондисман (административната поделба во Франција опфаќа комуни, кантони, арондисмани, департмани, региони, н.з.). На малечка масичка на влезот има голем број брошури. Не само Баро и Каке, туку многумина кои се опишани како Роми настојуваат да се прави разлика меѓу различните групи. И уметникот Габи Хименез стравува дека негативната слика за околу 15.000 мигранти од Романија и Бугарија би можела да се формира за сите потомци од сите етнички групи. „Кога ни се вели ’Сите вие сте Роми’, тогаш зад тоа се крие политичка стратегија на Европа, со намера да не‘ стави сите во еден кош, правејќи се како сите да имаме нешто заедничко.“

Габи 30 години живее во приколка. Тој знае колку е тешко да се најде место за паркирање на приколката, која е негов дом на тркала. Во Европа, уште само во Франција, Белгија и Англија има „модерни номади“ во поголем број. Се

Roma in Frankreich Ausweis des Musikers Gabi Jimenez

Лични документи на Габи Хименез

претпоставува дека нивниот број во Франција е 250.000, од кои една петтина се Роми. Секоја француска комуна, која брои повеќе од 5 илјади жители, е законски задолжена да стави на располагање место за паркирање на приколки, но тоа досега го почитува само една половина од комуните, иако за паркинг-место жителите, се разбира, мора да платат. Од почетокот на 19. век, патувачкиот народ беше принуден да води „книга на патување“ и да го докажува своето актуелно место на престој преку полициски печат. Од пред една година ваквото дискриминирачко правило е малку изменето, па книгата треба да им се поднесува на увид на властите еднаш годишно. „Тоа е свесна правна контрола и е навистина дискриминаторски“, оценува Габи.

Социологот Оливие Перу се занимава одамна со нееднаквиот третман на Ромите и особините на одделни етнички групи. Тој во Франција наидува и на обиди на помладата генерација да се прилагоди на општествените норми, но и продолжување на традициите. „Брак со ’гаџо’, значи Французин кој нема

Sinti und Roma Lager bei Paris Archivbild

Брачен пар во камп на Синти и Роми пред вратите на Париз (архивска фотографија)

ромски корени, не секогаш наидува на одобрување“, вели Перу. Посебната генијалност на Ромите меѓутоа се состои во тоа локалната култура со малку виртуозност да ја претворат во нешто свое. И Баро и Каке сакаат вредностите што ги презеле од своите предци да им ги пренесат на своите деца, но во верзија 2013. „Една култура мора да остане жива“, вели Баро и смеејќи се додава: „Гитара, долги фустани, логорски оган, мали приколки со коњ - ние не сме веќе тоа, тоа е минато.“ Наследниците на Џанго Рајнхарт и покрај сета дискриминација се во потрага по свој, не секогаш предвидлив пат.