1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роман Полански на слобода

Швајцарските власти денеска објавија дека прочуениот режисер Роман Полански е на слобода откако преходно одбија да го екстрадираат во САД. Полански е обвинетн дека пред 33 години принудил на секс 13-годишно девојче.

default

Роман Полански

Министерството за правда на Швајцарија денеска ги укина сите ограничувања на слободата на движење на Роман Полански. Десет месеци по неговото драматично апсење швајцарската министерка за правда Евелин Видмер Шлумпф објави дека е одбиено барањето на САД за екстрадиција на 76 годишниот режисер.

Во име на националните интереси

Таа уште истакна дека ваквата одлука била донесена откако американското министерство за правда не успеало да ги достави снимките од сослушувањето на кое Полански тврдел дека за неговиот случај бил постигнат вонсудски договор. Министерката Видмер Шллумпф изјави и оти Вашингтон ја прифатил ваквата одлука на Берн, и нема да може да вложат жалба.

Roman Polanski Ausstellung

Одлуката како што претходно беше соопштено во коминикето на швајцарското министерство за правда била донесена во „името на националните интереси“.

Полански може да замине од Гштат

Роман Полански, кој има француско и полско државјанство, беше приведен на 26 септември минатата година при пристигнувањето во Цирих. Тогаш швајцарските власти дејствуваа врз основа на меѓународен налог за апсење.

Во декември Полански беше ослободен од затвор со кауција од 4,5 милиони швајцарски франци, но му беше забрането да го напушта гратчето Гштат во јужниот дел на земјата.

Автор:СН/ЕМФ/афп/миа

Редактор: Александра Трајковска