1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роман Лоб ќе ја претставува Германија на Евровизија

Гласовите на гледачите беа пресудни за изборот на младиот Лоб, кој ќе се обиде да го повтори успехот на Лена Мајер Ландрут од пред две години.

default

Роман Лоб е германската „ѕвезда за Баку“

21-годишниот Роман Лоб ќе ја претставува Германија на годинешниот избор за песна на Евровизија. Во финалето на телевизиската емисија „Нашата ѕвезда за Баку“ Лоб, кој по професија е индустриски механичар, освои најмногу гласови од публиката.

Годинешниот Евросонг ќе се одржи на 26 мај во главниот град на Азербејџан, Баку. Германските ТВ гледачи ја избраа и песната со која Лоб ќе настапи во Баку наречена „Still standing“. Еден од авторите на оваа поп-рок нумера е британскиот пејач и кантавтор Џејми Калум.

Die Juroren Alina

Жирито на годинешниот германски избор - Алина, Томас Д и Штефан Раб

Германија во последните две изданија на Евровизија бележеше забележителни успеси. Лена Мајер Ландрут победи на изборот за најдобра песна во Осло во 2010 година, а ланската година, на изборот кој го организираше Германија во Диселдорф, заврши на десеттото место.

Успесите на Германија се поклопуваат со преземањето на организацијата на изборот од страна на познатиот продуцент, шоумен и музичар Штефан Раб. Раб и годинава, третпат по ред, беше двигателот на изборот кој се состоеше од повеќе аудиции на млади интерпретатори пред милионска публика, а за победникот решаваа гласовите на жирито и на германската публика.

„Добри се шансите да обезбедиме пласман меѓу првите 10 на изборот“, изјави Раб. Тој се пошегува дека на германските шанси влијание би можеле да имаат и актуелните политички случувања во Европа.

„Не верувам дека Грција ќе ни‘ даде 12 поени“, се шегуваше Раб.

Автор: Б. Георгиевски/СН/дпа

Редактор: Е.М. Фиданоска