1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Романците не се подготвени да се соочат со злосторствата

Во Одеса, романската војска во два дена усмрти 24 илјади Евреи. Романскиот режисер Иепан со документарен филм ја соочи јавноста со овој настан. Реакциите се движат од игнорирање до навреди за авторот.

Името на градот Одеса еден ден треба да стане симбол, смета Флорин Иепан. Би било добро кога романските граѓани при споменувањето на името Одеса да не мислат само на црноморското пристаниште, туку и на мрачното поглавје од нивната историја.

„Ако тоа име остане забележано во совеста на граѓаните, тогаш мојата мисија е исполнета“, вели Иепан.

Одеса за време на Втората светска војна беше сцена на едно од најголемите злосторства кое го стори романската војска. На 22 октомври 1941 година биле стрелани околу 5 илјади Евреи, а ден подоцна уште 19 илјади Евреи биле затворени во еден склад во близина на градот и живи запалени. Оние кои се обиделе да избегаат биле застрелани од војниците. Тој масакр во Одеса бил одмазда за бомбашкиот напад на советските сили врз главниот штаб на романските окупациски сили во Украина. Злосторството го наредил тогашниот

Rumänien Vergangenheitsbewältigung Massaker in Odessa

Флориан Иепан

романски профашистички диктатор Јон Антонеску.

Соочување со масакрот

„Одеса“ е името и на документарниот филм на романскиот режисер Флорин Иепан. Тој со масакрот ги соочува политичката и интелектуалната елита во Романија, но и романската јавност и ги снима нивните реакции. Ги пресретнува политичарите на јавни места, ги пречекува интелектуалците во нивните домови, им поставува непријатни прашања на маргините на различни манифестации, говори во радио и телевизиски емисии.

Филмот покажува како романската елита одбива да говори за масакрот во Одеса и воопшто за Холокаустот во таа земја. Најпотресна е приказната на Михаил Заславски, единствениот преживеан во масакрот. Тогаш 16 годишен, Заславски успеал да побегне од запалениот склад во 1941 година. Иепан успеал да го пронајде денес 87-годишниот Заславски во Одеса каде живее во скромни услови. За него дознал случајно во текот на своите истражувања за злосторството.

Rumänien Vergangenheitsbewältigung Massaker in Odessa

Михаил Заславски

По повод 70 годишнината од масакрот, Заславски минатата година за првпат дојде во Романија со надеж дека ќе може да ја раскаже својата приказна за злосторството. Но, не наиде на интерес. Филмот на Иепан документира како тогашниот романски претседател Емил Константинеску одбива да му пружи рака на Заславски. Телевизиските канали одбија да го примат во своите емисии. На јавно најавената прес- конференција се појавија само тројца новинари.

Чекање на извинување

Злосторствата на Романија во текот на Втората светска војна и натаму се табу тема во земјата, вели романскиот историчар Лусиан Настасе од Универзитетот во Клуж. Неговиот колега Виктор Ешкенази вели дека „од влезот на Романија во НАТО и ЕУ, политичарите во земјата им се вратиле на старите навики и традиции. Негирањето на Холокаустот е повторно популарно“, вели Ешкенази.

Во текот на своите истражувања Иепан дознал дека Романија била единствената земја, покрај Германија, која самостојно организирала масовни убиства на Евреите. Во романскиот Холокауст биле убиени околу 300 илјади

70 Jahre Rumänien-Holocaust

Постер од одбележувањето на 70. години од Холокаустот во Романија

Евреи. За тие воени злосторства, Антонеску бил осуден на смрт во 1946 година. Но, тоа не ги спречи романските граѓани во една анкета да го изберат Антонеску меѓу 10. најзначајни личности во историјата на земјата.

И покрај негативните реакции и игноранцијата, Иепан не се предева.

„Ќе ја раскажувам приказната се додека еден романски претседател не отпатува во Одеса, му пружи рака на Заславски и побара прошка од името на нашиот народ“.

Заславски не верува дека ќе го доживее тоа.

„Во Романија се избегнува прашањето за Холокаустот. Кога бев таму ми беше речено дека еден романски претседател веќе се извинил. Тоа звучеше онака попатно. Тоа многу ме повреди“, вели Заславски.