1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Романските „луксузни пензии“ го цедат фондот

Реформата на пензискиот систем е најприоритетна во целата Европска унија. Како резултат на тоа дојде до турбуленции, при што Романија беше погодена повеќе од другите земји-членки на ЕУ, оти тамошните структурни проблеми.

default

Експертите предупредуваат од банкрот на државниот пензиски систем во Романија

Романија, ако не се земе предвид Бугарија, е земја со најниски пензии и најголеми спротивности во ЕУ. Рамнотежата помеѓу пензионерите и активното население е значително нарушена. Околу шест милиони жители примаат пензија од државата. Од друга страна, пак, само малку повеќе од четири милиони луѓе работат. Дополнително отежнување е и тоа што само 58 насто од работоспособното население додека не остварат право на пензија на 64-годишна возраст, навистина работат.

Политиката ја прикрива невработеноста

Traian Basescu im Interview auf DW-TV

Романскиот претседател Трајан Басеску

Причина за тоа е едно правило за предвремено пензионирање, со што политиката практично ја прикрива невработеноста. Од една актуелна статистика покрај тоа произлегува дека една од шест инвалидски пензии се добиени по илегален пат. Затоа не зачудува фактот дека реалната старосна граница за остварување право на пензија, во Романија е на 55 години.

Сепак романскиот пензиски систем има и други особености. Додека најниската пензија изнесува околу 80 евра, стотици илјади други пензионери добиваат таканаречени луксузни пензии, чиј износ достигнува до 8000 евра. Меѓу нив особено отскокнува една професија, односно судиите. Романскиот претседател Трајан Басеску неодамна во едно телевизиско интервју направи загрижувачки осврт на пензискиот систем во неговата земја:

„Уште со предизборното ветување дека ќе ги покачиме пензиите, презедовме една тешка ситуација. Секоја година ќе мора да го финансираме дефицитот во пензискиот фонд, од три до четири милијарди евра. Ние мораме да позајмиме пари, не за да ги инвестираме, туку секоја година да го полниме пензискиот буџет со 3,7 милијарди евра.“

Пензионерите се значајна избирачка група

Rumäniens Premier Emil Boc

Премиерот на Романија Емил Бок

Помеѓу 2007 и 2008 година, кога во Романија поради конзумирањето имаше економски пораст за осум проценти, тогашната влада донесе одлука за покачување на пензиите за 50 насто. Оваа економски неоправдана мерка имаше политичка заднина, сепак пензионерите се дисциплинирана избирачка група и не смеат да се запостават. Но, последиците се катастрофални. Експертите проценуваат дека романскиот пензиски систем, најдоцна за 30 години, ќе доживее колапс.

Продолжената рецесија придонесе за влошување на состојбата. Владата на премиерот Емил Бок на земјата и‘ пропиша строги штедни мерки, со кои беа засегнати и пензионерите. Имено, дел од пакетот за штедење беше и намалување на пензиите за 15 насто. Илјадници пензионери излегоа на улиците. Уставниот суд оваа мерка ја прогласи за противуставна, и владата мораше да ја повлече одредбата. Тоа значеше и дека ќе останат високите „луксузни пензии“, и судиите беа задоволни.

Приватното осигурување е во почетната фаза

Innenansicht Parlament in Bukarest, Rumänien

Парламентот во Букурешт во септември ќе расправа за нов закон за пензиите

Сега во Романија бараат нови начини, како пензионерите сепак да плаќаат давачки. Се дискутира за оданочување на сите пензии, во моментов општата даночна стапка од 16 проценти важи само за пензиите над 240 евра. Се размислува и да се зголеми старосната граница за остварување право на пензија, на 65 години за мажи и 60 години за жени. На почетокот на септември парламентот ќе расправа за нов закон за пензиите.

И покрај опасноста да дојде до банкрот на државниот пензиски систем, приватното осигурување се‘ уште е во почетната фаза. Приватните пензиски осигурувања во моментов остваруваат 0,7 проценти од бруто домашниот производ. Објаснувањето за тоа е корупцијата која и понатаму е многу распространета. Од една страна луѓето се плашат дека приватните фирми ќе ги измамат. Од друга страна има премолчен „договор“ помеѓу државата и голем дел од нејзините граѓани, кои немаат големи шанси на работниот пазар. Имено, тие и понатаму можат да профитираат од слабиот систем, а за возврат да ја толерираат корупцијата во државните институции. Притоа, на крајот губитник сигурно ќе биде државата.

Автор: Влад Миксич / Јасна Мушиќ Јанчулева

DW.COM