1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Романскиот уставен суд ја одобри смената на Басеску

Уставниот суд на Романија го потврди синоќа (09.07) отстранувањето од власт на претседателот Трајан Басеску и за времен шеф на државата го назначи лидерот на владејачката левоцентристичка коалиција Крин Антонеску.

default

Романскиот уставен суд ја прогласи за уставна постапката за смена на претседателот на државата, Трајан Басеску.

Судот констатира дека процедурата за прекин на надлежностите на претседателот Трајан Басеску е испочитувана. Должноста претседател времено ќе ја извршува Крин Антонеску, гласи решението на судот.

Претседателот на Сенатот Антонеску припаѓа на коалицијата на левоцентристичката влада на премиерот Виктор Понта, која го обвинува Басеску меѓу другото за вршење политичко влијание врз судството. Во петокот (06.07) парламентот во Букурешт со големо мнозинство го суспендира Басеску.

Rumänien Traian Băsescu

Трајан Басеску

Одлуката меѓутоа ќе биде валидна само ако биде потврдена на народниот референдум кон крајот на месецов, на 29. јули. Денеска судот треба да се произнесе по закон, кој ги менува условите за валидност на референдумот.

Германската канцеларка Ангела Меркел остро ја критикуваше владата на Романија поради спорната постапка за сменување на Басеску.

„Суспендирањето на Басеску и свикувањето референдум се направени на начин спротивен на основните прунципи на правото и без почитување на уставните органи“, изјави портпаролот Штефен Зајберт по телефонскиот разговор на Меркел со Басеску.