1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скандалот продолжува

Роберт Шварц/Превод:СН30 септември 2015

Во романскиот парламент пропадна поднесокот на опозицијата за гласање недоверба на социјалдемократскиот премиер Виктор Понта. Но и покрај тоа мир нема да настапи на романската политичка сцена, смета Роберт Шварц.

https://p.dw.com/p/1Gfql
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Ghement

Романскиот премиер Виктор Понта повеќе не е поднослив. Тоа го велат не само шефот на државата Клаус Јоханис и либералната опозиција (ПНЛ) туку повеќе или помалку отворено тоа го искажуваат и политичари од владејачкиот табор. Впечатливо е тоа и дека се повеќе социјалдемократи се дистанцираат од својот некогашен носител на надеж. Но кога станува збор за гласања во парламентот, тогаш владее железна партиска дисциплина. Конечно во прашање е задржувањето на власта.

Некогашниот носител на надеж паднат на колена

Притоа Социјалдемократската партија (ПСД) се наоѓа пред урнатини: нејзиниот премиер мора да одговара пред суд за корупција и измама. Романија е единствената земја во Европската унија, во која се води судски процес против актуелниот премиер. Сите барања за оставка- дури и тие од страна на претседателот на државата- Понта досега ги игнорираше.

Штетите за имиџот на неговата земја изгледа дека не го загрижуваат, иако листата на негови пропусти во меѓувреме е впечатлива. Меѓутоа ни докажаниот плагијат на неговата докторска работи, ниту постојаните напади врз правосудството и правната држава а истотака ниту актуелните обвинувања од страна на државното обвинителството досега не можеа да го придвижат на во морална смисла веќе одамна нужниот чекор.

Така играта околу компромитираниот премиер влегува во следната рунда, за која веќе има термин: на 11. октомври ПСД планира да избере нов партиски претседател. Една недела подоцна на вонреден конгрес треба да бидат удрени темелите за нов почеток на партијата. Случувањата изгледа дека се премолчено договорени: Социјалдемократите и пред сѐ нивниот помал коалициски партнер не сакаа да дозволат Понта да падне од власт, за да не мора владините ингеренции да ѝ бидат предадени на либералната опозиција. Наместо тоа сега ПСД по нејзиниот конгрес планира да предложи нов кандидат за премиер, кој потоа би добил мандат од претседателот на државата и неговиот избор на функцијата би бил потврден во парламентот од страна на владејачкото мнозинство

Schwartz Robert Kommentarbild App
Роберт Шварц

ПСД би била добро посоветувана, во оваа политичка игра да не го изгуби од пред очи суштинското: ако продолжи со нејзините редовни напади врз претседателот од либерално-конзервативниот табор, само ја зајакнува блокадата во која се наоѓа земјата веќе три години. А рововските битки меѓу Понта и поранешниот шеф на државата Трајан Басеску не ја прикажаа Романија како доверлив партнер на европската сцена. Двете нешта мора веднаш да се променат.

И опозицијата и претседателот мора да извлечат поуки

Неуспешниот поднесок за гласање недоверба разјасни уште една работа: либералната опозиција и натаму не е во состојба во парламентот да оствари смена на владата. И ПНЛ ќе мора да си го постави прашањето, со кои личности и пред сѐ со какви содржини има намера наново да се наметне. Некои нејзини водечки претставници до почетокот на минатата година сѐ уште беа ревносни поборници на Понта и тогашната социјал-либерална алијанса. Може да се смета на тоа дека опортунистичките носители на функции во двете партии и по распадот на сојузот следат заеднички интереси, кои немаат врска со политиката.

На политичкиот пејсаж во Романија мора конечно да се случи тресок. А тој тресок може да произлезе само од претседателот на државата. Избирачите очекуваат од Клаус Јоханис сега да ја спроведе неговата визија за поинаку водена политика. Може да се предвиди дека тоа ќе биде тешко прородување, меѓутоа моментот за тоа, сега, девет месеци по неговото стапување на функцијата е дефинитивно дојден.