1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Романија ја потресуваат масовни штрајкови

Штрајкот во фабриката за автомобили Рено Дачија неделава може да бидат само почеток. Романските работници веќе не се задоволни со ниските примања. А токму тоа е основата за „романското стопанско чудо“

default

Погоните на Дачиа

Западните концерни ги преселија фабриките кон Исток, токму поради поефтините услови за производство. Но ваквите пресметки во Романија наскоро може да не им се исплатат.

Луѓето сакаат да живеат пристојно, но со 270 евра нето месечна плата тоа стана речиси невозможно и во Романија.

„Во Дачија исплаќаме плати по романски стандард,“ го цитира раководството на компанијата- ќерка на францускиот автомобилски концерн Рено, шефот на романскиот синдикат, Димитри Костин. Тоа треба да биде одговорот на барањата на работниците. Но, штрајкот во Дачиа треба да биде предупредување за целото романско стопанство. Насекаде низ фабриката се закачени плакати со барањата на штрајкувачите. До нив пак стои закачен плакат и на раководството на кој се предупредува „десет милиони евра загуби дневно, ќе значи 10 000 писма со откази адресирани до вработените. Целта им е да се спречи штрајкот, за работниците да не ја загубат работата. Но, работниците не отстапуваат - бараат месечно уште околу 150 евра нето.


Барањата не се нереални


„Овие барања на прв поглед можеби изгледааат спектакуларни, но мора да се има предвид дека Дачија е најпрофитабилен дел од групацијата Рено. Со добивка од 160 милиони евра во изминатата година, овој дел всушност ја обезбедува егзистенцијата на целиот концерн“, вели Димитри Костин, шефот на здружението на германските синдикати.

Факт е дека Рено направи одлична зделка кога во 1999 година ја купи Дачија. Бидејќи не купи само фабрика, туку цел пазар. Дачија во 1999 година, ги испорача 70% од автомобилите купени во Романија. Сега тој процент падна на 50, но цвета извозот во Западна Европа.

Исто така, во Дачија во 1999 година работеле 30 000 луѓе. Половината од нив сега се отпуштени. Отпремнината ја плати романската држава за да се овозможи непречена приватизација на и да му гарантира на Рено успешен почеток.

Вернер Штајн, претседателот на германското здружение на стопанственици во Романија, вели дека ова е успешен модел:

„Речиси и да нема инвеститор кој не е задоволен со условите за работа во Романија“.


Профитабилен бизнис


Рено, погоните од 50-те години ги претвори во старо железо, но во фабриките не донесе најмодерни машнини. Таму сега работат со машини од 80-те години кои си го завршиле своето во фабриките од Франција. Во производството и понатаму има релативно многу вработени, кои поради тоа добиваат ниски плати. Ова е профитабилен бизнис, вели Вернер Штајн.

„Од друга страна во последниве десет години во земјата се разви поинаква индустриска култура. Фирмите со илјадници вработени во меѓувреме прават слични производи како на Запад и кои се изработени според слични стандарди. Но, компаниите овде доаѓаат поради предностите кои им се нудат: намалени трошоци за производство, а квалитетот е ист“.

Добар квалитет како и во другите европски земји - но со ниски плати. Ова повеќе не е одржливо, вели првиот синдикалец во Романија, Костин.

„Оној којшто работи добро, мора да биде соодветно платен и да има уддел во успехот“.

Но, наместо да вложуваат во модернизирање на технологијата и така да се намалат трошоците на работата, Дачија и понатаму се надева на ангажирање евтина работна сила. Од годинава е воведена нова осумчасовна смена, што ќе значи и 3000 нови работни места. Но, тие исто така ќе добиваат многу пониски плати од оние во западна Европа. Но, ако продолжат штрајковите во Дачија, оваа сметка може и да не излезе како што е планирано. Истото важи и за останатите странски инвеститори во земјата.