1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Романија се откажа од блокирањето на Србија

Романија се откажа од противењето на кандидатурата на Србија за членство во ЕУ откако во Брисел беше потпишан протокол за правата на романското малцинство во Србија.

Последната пречка за кандидатурата на Србија за членство во ЕУ е отстранета, изјавија европски дипломати во Брисел за светските новински агенции. Според нив Романија се откажала од блокирањето на Србија да добие статус на кандидат откако двете земји постигнале договор за почитување на правата на романското малцинство во Србија.

Договорот, како што пренесува агенцијата Бета повикувајќи се на дипломатски извори, го потпишале амбасадорката на Србија во ЕУ Роксанда Ниничиќ и нејзиниот колега Мигнеа Моток.

Европските дипломати изразиле и задоволство поради постигнатиот договор додавајќи дека веруваат дека е надмината пречката Србија вечерва на Самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ да го добие статусот кандидат за членство во Европската унија.

Автор: СН/ АТ/ афп/ мф/ бета

Редактор: А.Трајковска