Романија сака во еврозоната, Бугарија - не! | Економија | DW | 04.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Романија сака во еврозоната, Бугарија - не!

Романија задржува цел - членство во еврозоната во 2015, изјави претседателот Басеску. Бугарија се откажува засега од влез во еврозоната, изјави пак министерот за финансии Симеон Ѓанков.

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави на годишната средба со дипломатите денеска (04.09.2012) дека државата ги задржува целите да биде дел од еврозоната во 2015. година.

Тој нагласи дека последните предлози на ЕК за процесот на финансиско набљудување на европско ниво и над еврозоната „треба многу сериозно да ни укажат да бидеме будни“.

„Како и во моментот кога успеавме да бидеме дел од Фискалниот пакт, како Романија така и другите држави кои не се членки на еврозоната, треба да најдат своја формула да учествуваат во тој процес на интегрирање на банкарскиот систем“, изјави Басеску.

Тој појасни дека многу е важно исполнување на критериумите за членство во еврозоната да биде приоритет бидејќи „нема да може да издржиме во преодна ситуација“.

Басеску вели дека Романија има неопходни претпоставки за тој процес.

Бугарија се откажува од плановите за воведување на еврото како одговор на

basescu rumänien

Романскиот претседател Трајан Басеску

растечката економска криза и неизвесноста околу иднината на Европската унија, изјави пак бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков за Волстрит Џурнал.

„Во овој момент не гледам никаква корист од влез во еврозоната туку само трошоци“, изјави Ѓанков.

Најсиромашната членка на ЕУ последна е во низата држави во кои опаѓа ентузијазмот за влез во еврозоната што долго беше стратешка цел на сите влади во таа балканска држава. Бугарија е една од најмалку задолжените држави во ЕУ и се обидува да држи строга фискална дисциплина за да избегне ризици за својата валута.