1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Романија - прeточување на репресијата во уметност

Романија е земја во која слободната уметност со години беше задушувана од еден режим на ужасот. Сега, откако земјата е дел од ЕУ, младите уметници можат слободно и критички да ги изразат своите ставови.

Јосиф Кираљ беше сведок на градењето на палатата на романскиот деспот Николае Чаушеску во центарот на Букурешт. Најголема зграда во Европа е сведоштво за манија за раскош. Младата генерација ја користи како кулиса за фотографирање, на пример, за спомен од прославата на матурата. Ова, како и други работи што ги набљудува, Кираљ го регистрира со малиот дигитален фотоапарат. Од пред неколку години конечно во Романија има место за неговата уметност.

Токму во таа таканаречена „Куќа на народот“ е сместен „Националниот музеј за современа уметност“. Таму, со големата ретроспективна изложба „суб РЕАЛ“, конечно беше претставена уметничката група на Калин Дан и Јосиф Кираљ, долго време по нивните меѓународни успеси.

„До изложбата многу од нашите уметнички дела воопшто не беа познати во Романија. Најголем дел од она, што може да се види на изложбата, во Романија претходно никогаш не беше прикажано“, вели уметникот Јосиф Кираљ.

Sehnsucht nach Europa

Калин Дан и Јосиф Кираљ пред една од инсталациите со шилци, кои асоцираат на острината на мрежата на поранешниот режим

Во времето на Чаушеску слободната уметност беше забранета. Кога на почетокот од 90-тите години на минатиот век „субреал“ започна да го рефлектира сопственото минато, дома интересирањето беше минимално.

На изложбата во Букурешт беа претставени повеќе инсталации, како „Замокот  (Земјата на Дракула 8) 1995“, каде врз макетата на палатата на Чаушеску, што беше направена од кутии од цигари, беше ставен трон. Инсталацијата „Ержебет  (Земјата на Дракула 4) 1993“ беше посветена на градењето на палатата во 80-тите години. Десетици илјади луѓе мораа да го напуштат квартот за таа да биде изградена. На телевизиски екрани се покажуваше дека таму останаа само нивните кучиња. Инсталацијата, пак, „Афис (Земјата на Дракула 1), ја претставуваше Мона Лиза како хибрид. На неа беше Влад Тепеш, средновековен владетел на Влашкото кнежевство, кој сурово ги набивал на колец неговите непријатели. Тој е претходник на подоцнежниот лик од романи, грофот Дракула.

Потајно и Чаушеску бил споредуван со него. И тој до егзекуцијата, кон крајот на 1989, го угнетувал својот народ. Со она што актуелно го работи, Јосиф Кираљ покажува како мегаломанскиот шеф на државата ја обезбедувал својата страховлада. Кираљ се занимава и со кодошите на тајната полиција, односно со фотографиите на Секуритате.

„Насловот ’Секнд лајф во комунизмот‘ асоцира на една игра од интернет, оти во актите на Секуритате многу луѓе откриле дека имале и друг живот - нивните гестови, според тајната полиција, имале друго значење. Тие беа генерално осомничени“, објаснува уметникот Јосиф Кираљ.

Sehnsucht nach Europa

Градбата - симбол на диктаторското владеење на Чаушеску денес е одлична позадина за матурска фотографија

Кираљ добро соработува со лустрационите власти во Букурешт. Таму тој ги студира актите на жртвите, ги анализира фотографиите на Секуритате. Стотици илјади кодоши ги набљудувале и ги тероризирале луѓето, ги држеле заробени во еден систем од страв и застрашување.

"Не беше едноставно да се работи со овој материјал кој прикажува тежок товар и од кој зрачи страдање. Ние не сакавме со материјалот да се однесуваме ни претерано опуштено, ниту пак да бидеме мелодраматични“, вели Кираљ.

Тој се враќа на местата на кои луѓето биле шпионирани, најчесто незабележливо. Тој го фотографира местото од перспектива на кодошот. Цел му е јасно да го покаже разорното влијание на Секуритате. Тајната полиција проникна во сржта на општеството, таа им даде белег на безбројни животни патишта.

Можностите за опсервирање денес се се’ посовршени. Во своите фотоколажи Кираљ сега применува фотографии од интернет-сервисот Гугл стритвју. Тој предупредува дека новите технологии би можеле да му служат на некој нов систем на репресија. Копнежот за уметничка обработка и рефлексија тој и денес во Романија може да го сподели само со малкумина.