1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Романија – претседател

Повеќе илјади луѓе демонстрираа во Букурешт во знак на поддршка на претседателот на земјата, Трајан Басеску. Басеску беше суспендиран од должноста од страна на парламентот минатата недела. Демонстрантите бараат Басеску да остане на функцијата. Шефот на државата од Романците побара да гласаат со НЕ на претстојниот референдум по прашањето – дали тој да биде суспендиран од должноста. Одржувањето референдум е неопходно со оглед на фактот што Басеску одбива самиот да се повлече од функцијата. Една истражна комисија на романскиот парламент тврди дека претседателот на земјата го прекршил уставот во 19 случаи.