1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Романија: Најголема суша со години

Романските земјоделци во 2011. година имаа рекордна жетва. Годинава огромната суша ги помати сметките.

Растенијата се трошат во прав. За жнеење, по жешкото и суво лето, во Романија има малку. А, сончогледот е суровина за масло за јадење, кое е едно од најважните извозни производи на земјата.

Годинава не остана многу за земјоделецот Ионел Морачиа и неговите колеги. Жетвата е помала за половина и тоа не само кај сончогледот. Работите изгледаат лошо и со житото. Селанецот стравува дека догодина може да биде уште полошо.

„И околу житарките има голем прашалник. Се стравува дека и од тоа нема да биде ништо. Пченицата за триесет дена треба да е посадена, а резервите со вода се на нула“, вели Морачиа.

Малите количества вода годинава се потрошија за сончогледот, а сепак од овие семиња одвај дека може да се извади масло.

Во соседната мелница доаѓа производ со низок квалитет, вели директорот на фабриката Флорентин Панкиосу - 30 проценти принос по килограм помалку. Такво нешто досега не доживеал: „Тоа, се разбира, ќе има ефект врз цените на маслото за јадење.“

Мелницата се‘ уште има резерви од минатата година, кога жетвата беше рекордна. Селаните можеа всушност да произведат уште повеќе, но не смееја поради квотите на ЕУ, за да се избегне преголемо производство. Со вакво сушно лето не сметаше никој.

„Мислам дека Романија по ваква жетва нема да може да ги покрие ниту сопствените потреби. Вака, како што изгледа, набргу сигурно ќе мора да увезуваме масло и семе“, проценува Панкиосу.

И тоа не само сончогледово семе. И пченката е пресушена. Наскоро можеби ќе нема доволно ни за храна за животните.

Rumänien Landwirtschaft Melonenverkauf am Straßenrand

На пазарот во Букурешт веќе се чувствуваат последиците од најголемата суша со децении.

„Цените веќе сега се за половина повисоки и растат и натаму“, вели еден купувач.

Пред се‘ тогаш кога и овие трговци би морале да ги увезуваат производите.