1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Романија и Бугарија станаа членки на ЕУ

Еден час пред во светот да биде означен почетокот на Новата година,Романија и Бугарија на 17 години по падот на комунизмот со големи забави го поздравија влегувањето во ЕУ.

default

Централните манифестации на прославата за приемот во Бугарија се денеска,синоќа главните гости од Унијата беа на свеченостите во Букурешт,на универзитетскиот плоштад,каде некогаш се одржуваа антикомунистичките демонстрации. Меѓу нив и претседателот на ЕП Жозеп Борел ,еврокомесарот за проширување Оли Рен, претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо,како и шефот на германската дипломатија:

-Граѓани на Букурешт,јас сум германскиот министер за надворешни работи и ви посакувам добредојде во ЕУ.Ви посакувам среќна Нова година.

Вака Франк Валтер Штајнмаер во името на германското претседателство со Унијата кое почнува од денеска,ги поздравите новите членови на ЕУ,потенцирајќи:

-Ова е добар ден за Европа,зашто со пристапот на Романија и на Бугарија е направен натамошен чекор кон надминување на поделеноста на Европа,која беше резултат на студената војна и блоковската конфронтација.

Романскиот претседател Трајан Басеску од своите сограѓани побара да ја негуваат и натаму сопствената традиција.Но,и нему му потекоа солзи по образите кога синото знаме со жолти звезди на ЕУ свечено завиори во Букурешт:

-Пристапивме во НАТО за да добиеме сигурност,сега стигнуваме во ЕУ за да обезбедиме мир и благосостојба.