1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Романија – Басеску

Романскиот претседател Трајан Басеску го доби референдумот на кој се гласаше за неговото сменување. Според информациите на романската телевизија, три четвртини од гласачите се изјасниле против неговата смена што ја побара паралментот. 55 годишниот Басеску на 19 април беше суспендиран од функцијата од страна на паралментот, поради наводно прекршување на уставот. Басеску ужива големи симпатии меѓу романското население зашто битката против корупцијата ја прогласи за негова главна цел. Премиерот Калин Таричеану, еден од главните противници на Басеску, изјави дека Романците му дале втора шанса на својот претседател и го почитува нивното решение.