1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рок-концерти против промената на климата

Светските рок и поп-ѕвезди со 24 часа концерти кои се надоврзуваа во различни делови од планетава, агитираа за нејзин спас.

default

Поранешниот потпретседател на САД Ал Гор на концертот во Њујорк

Акцијата “Лајв ерт” заврши изутрината по средноевропско време со во Њујорк и Рио де Жанеиро, а претходно концерти се одржаа и во Сиднеј, Токио, Шангај, Хамбург, Лондон, Јоханезбург и Вашингтон. Најпосетен беше во Рио со повеќе стотици илјади луѓе.

Во Њујорк, на ведар и топол ден со температура од преку 30 степени, настапија редица познати музички и филмски ѕвезди, но Џајент-стадионот сепак не беше ни приближно исполнет до крај. Презентeри беа артистите Леонардо ди Каприо, Рејчел Вајс, Алек Болдвин и Камерон Дијаз, која, обраќајќи и’ се на публиката, рече: “Најумното што можеме да го направиме е да го следиме повикот на Ал Гор. Мораме да ја спасиме земјата, за да се спасиме себе си”.

И ѕвездите од рок и поп-сцената, освен преку песна, упатија и директни пораки, како пејачката Алиша Кис: “Врз кого треба да се потпреме, ако не врз нас самите? Добро е што можам да сметам на вас дека ќе сторите нешто, како што и вие можете да сметате на мене дека и јас нешто ќе променам”.

Заедничката порака допре до поголем дел од посетителите: “Морам да го сменам мојот животен стил. Можеби да засадам некое растение – тоа е едноставно”, рече еден од нив. Друг додаде: “По денешниов ден ќе продолжи и натаму, ќе следат и други и се’ заедно ќе помогне за нешто да се промени, чекор по чекор”.

Иницијаторот на концертите Ал Гор, поранешен американски потпретседател, бара нови закони и технологии во борбата против загревањето на земјината атмосфера.