1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рокот за примирје во Сирија тече - судирите продолжуваат?!

Сирија се придржува до мировниот план - тврди владата. Сириската војска се повлекува од одредени провинции, уверуваше сирискиот министер за надворешни работи во Москва. САД чекаат на информации од посредникот Анан.

Американските власти се надеваат дека Советот за безбедност на ОН ќе размисли за интервенција, ако посредникот од ОН и Арапската лига Анан заклучи дека сириската влада ги прекршила ветувањата за повлекување на силите. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карнеј рече дека Вашингтон го чека извештајот на посредникот од ОН и Арапската лига Кофи Анан, кој денеска на писмено го информира Советот за безбедност за случувањата во Сирија.

Во текот на денот сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем, за време на својата посета во Москва, ги информирал руските власти дека дел од сириските трупи се повлечени од Хомс, упориштетот на опозицијата, во согласност со планот на Кофи Анан, информираше руското МНР. Руските власти го повикуваат официјален Дамаск да продолжи со имплементацијата на мировниот план на Анан.

Но, турските и француските власти излегоа со критика за примената на примирјето. Турскиот вицепремиер Бесир Аталај реќе дека сириските власти продолжуваат со нападите, посебно во градовите Алепо, Идлиб и Хомс. Турските власти сметаат дека Советот за безбедност на ОН треба да интервенира, за да го запре насилството, бидејќи Сирија се обидува да добие на време. Кофи Анан во Турција се сретна со дел сириските бегалци во кампот во провинцијата Хатај. Според турските власти, во земјата се примени 24.600 сириски бегалци.

Syrien Flüchtlinge Türkei

Сиријците бараат спас во бегалските кампови во Турција



Франција ги отфрли сириските тврдења дека го исполнува договорот за примирје со повлекување на трупите, оценувајќи ги како „бесрамна лага“. „Тие се показател на чувството на неказнивост, против кое меѓународната заедница мора апсолутно да реагира“, рече портпаролот на француското МНР Бернард Валеро.

Во меѓувреме, опозициониот Сириски национален совет информираше дека не ги прифаќа новите услови поставени од режимот во Дамаск, со кој се условува целосната примена на примирјето. Сириските власти во неделата (08.04.) побараа писмени гаранции од опозицијата дека ќе го положи оружјето. И власта и опозицијата од денеска имаат рок од 48 часа да запрат со огнот и да го почитуваат мировниот план на Кофи Анан.