1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рокот за Комисијата истекува, сите сценарија можни

Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември денеска (23.08) треба да донесе заклучоци. Според најавите, можни се сите сценарија.

Борче Давитковски, претседател во оставка на ад хок Комисијата, изјави дека има поместувања во позициите на двете страни и на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ, но сепак, тој смета дека сите сценарија се можни. Во текот на вчерашниот ден, Давитковски заедно со странскиот експерт Петер Ванхаусен, имаа заедничка средба со членовите на Комисијата.

Претходно, странскиот експерт Ванхаусен и Давитковски имаа и одвоени средби со членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во понеделникот (19.08) се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Македонија. Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата.