1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Розмари ди Карло во Скопје

*

Заменик американскиот државен секретар Розмари Ди Карло денеска допатува во Скопје на разговори со македонските власти. Темата НАТО, но и актуелните политички случувања во земјата според најавите, ќе бидат во фокусот на разговорите на Ди Карло со државното раководство и претставниците на опозицијата. Ди Карло веќе нагласи дека Македонија ја ужива поддршката од САД за членство во НАТО. Истовремено предупупреди дека процесот ќе базира единствено врз реформите кои мора да бидат остварени до самитот на Алијансата во април.