1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роденден на „декоративниот“ сликар Густав Климт

Успешниот сликар и женскар Густав Климт е роден пред еден и пол век. Неговите слики, познати во цел, свет, постигнуваат висока цена, но златото на нив некои го сметаат за-кич.

Неговата најпозната слика „Бакнеж“ е репродуцирана илјадници пати и тоа и на шолји за кафе, вратоврски, чанти и бројни други предмети за секојдневна употреба. Сите го обожуваат Густав Климт, тој е љубимец на публиката. Тој стана предводник на т.н. Нов стил, односно Сецесија или Модерна (последен уметнички универзален правец, н.з.), иако повеќе беше некој кој сакаше да се пресмета со уметноста на своето време, вели Алфред Вајдингер, историчар на уметноста и кустос на музејот Белведере во Виена, специјалист за Климт.

Брз напредок

Климт е роден на 14. јули 1862. година во скромно семејство, па прилика за студирање во Виенската школа за уметност и превсрт добил благодарејќи на стипендија. Заедно со својот брат Ернст Климт, кој ја посетувал истата школа, како и со колегите Франц Мач, работел трудољубиво и брзо напредувал. Покрај работата на украсување на столбовите и театрите, станал портретист на еврејското високо граѓанство. Климт не работел само на слики, туку во соработка со архитектите осмислувал цели куќи и вили како целокупни уметнички дела.

Во 1894. година добил порачка за три монументални слики на таванот на големата аула на Виенскиот универзитет, алегоричниот приказ на трите факултети-право, филозофија и медицина предизвикал скандал.

Bildergalerie Gustav Klimt Fakultätsbilder Medizin Philosophie

Премногу реално, премногу голо

Климт за лицемерната Виена прикажал премногу голотија, смета Вајдингер.

„Проблем бил што им покажал на виенчаните како всушност изгледаат“.

Голите жени веќе не ги сликал како божици, туку како жени од соседството, во целата нивна убавина, но и грдотија“, вели познатиот експерт за Климт. А сето тоа насликано на големи слики на таванот на конзервативниот универзитет.

„Тоа била капка која ја прелила чашата“, вели Вајдингер, иако не се работело за смислена провокација.

„Климт бил многу автентичен, едноставно сакал да го слика она што го интересирало и забавувало“.

Сликарот останал верене на ваквиот начин на работа и покрај финансиските загуби. Подоцна ги откупил своите дела од таванот на Виенскиот универзтитет со помош на своите мецени. Уште тогаш вределе цело богатство. Денешните љубители на уметноста можат да ги гледаат само на репродукции, оригиналите се уништени во дворецот Имендорф во долна Австрија, што нацистите го запалиле на врајот на Втората светска војна.

Уметнички пресврт

Во 1907. година е создадено едно од неговите најпознати дела, портрет на Адел Блох Бауер, ќерка на еден виенски банкар/ КОга во 2006. година ја купи еден американски бизнисмен за 135 милиони долари, стана најскапа слика на светот. Се работи за портрет со многу реалистично лице и богати златни декоративни елементи. Фактот што некои поради употребата на злато го сметаат за кич-сликар сигурно не пречел, вели Вајдингер:

Gustav Klimt Adele Bloch-Bauer II versteigert

„Климт не бил академски сликар“.

Климт не посетувал сликарски академии, туку школа за уметност. Немал ништо со класичноот сликарство. Тој користел голем број материјали со кои се занимавал уште од времето на своето школување. Тоа бил уметнички превсрт“.

Токму тие „материјални слики“ му даваат посебност на Климт, и тоа на начин кој никој не го следел. „Декоративниот“ и автентичниот карактер на неговите дела исто така го спречил Климт некогаш да добие професорско место.

„Климт беше декоративен уметник, но начинот на кој ги сликал луѓето предизвикува побожност“, вели Вајдингер.

Alfred Weidinger

Алфред Вајдингер

Згоден тип

Климтовиот однос кон жените е посебно поглавје на историјата на уметноста, не само затоа што поубавиот пол секогаш одново го прикажувал со бои и облици. Колку деца имал, всушност никој не знае. По неговата смрт се појавиле 14 кои сакале дел од златниот колач и поднесле барање за дел од наследството. Официјално биле признати четири наследници. Сликарот никогаш не се женел, ја живеел својата страст без резерви.

„Без тоа би било неможно да се објасни дека уште во  мај 1899. година, додека се‘ уште имал афера со жената на својот брат, Хелен, истовремено започнал врска со Алма Малер-Верфел. Во тоа време од него биле бремени Мари Уцицку и Мари Цимерман, а ја посетувал и Емили Флег“.

Во таква полигамија било неможно да се живе без лутење и стрес, што е видливо и од бројните љубовни писма која останале по него.

„Едноставно бил згоден тип, што се гледа од неговите фотографии“, вели експертот за Климт.

Познатиот сликар умрел на 6. февруари 1918. година во Виена од мозочен удар.