1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Роботи за пензионерите

Машини што зборуваат се креирани на Техничкиот универзитет во Илменау. Во меѓувреме се изработени и роботи кои треба да им помагаат на стари луѓе што живеат сами.

Добредојдовте во иднината. Роботи-водичи помагаат да го најдете вистинското шрафче. Машини што зборуваат се креирани на Техничкиот универзитет во Илменау. Во меѓувреме се изработени и роботи кои треба да им помагаат на стари луѓе што живеат сами.

„Ќе го чувам клучот на сигурно место и ќе те потсетам кога ќе излегуваш“, вели роботот.

Technische Universität Ilmenau

Техничкиот универзитет Илменау

Роботот го поздравува својот господар и го потсетува дека е време за лековите.

„Тој изгледа како технички систем кој можеби има одредена сличност со луѓето. Не е фиксиран пред телевизор, лаптоп или пред компјутер, туку се движи низ домот. Многу голем број на пензионери, со кои зборувавме, сметаат дека е многу пријатно да имаат отелотворен партнер за разговори и интеракција“, вели проф. Хорст-Михаел Грос, неуроинформатичар од Техничкиот универзитет Илменау.

Роботот понекогаш бара од седечките пензионери душевна и физичка активност. Жените што го тестираат се воодушевени.

Урсула Хаферкорн-Штарке истакнува:

„Најмногу задоволство ми предизвика вежбањето, оти рече дека и тој ќе учествува. Како се викаше тоа со цвеќето? Потоа цвеќето се отвора и се шири“.

Слично мисли и Ингеборг Нојман:

„Знаете, не би сакала остатокот од животот да го поминам пред компјутер и по цел ден да пребарувам и типкам. Тоа не е за мене. Но, работењето со Хорос ми направи задоволство“.

А кој е задоволен, живее подолго и поздраво.

Роботите, овие хуманоидни помошници, се произведуваат во фирмата МетраЛабс во Илменау. Има уште многу работа за нивниот развој, вели Андреас Блај од МетраЛабс ГмбХ

„Сега сакаме повеќе да одиме во области кои досега уште не се автоматизирани. На пример роботи за послужавници - што веќе го реализиравме во еден фастфуд ресторант, или многу флексибилни транспорти во старечките домови. Таму секако има уште голем потенцијал за развој“.

Во старечки дом или во супермаркет - иднината во секој случај веќе започна.