1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Робин Худ на интернетот или државен непријател?

Едни го сметаат за Робин Худ на интернетот, други, пак, за најголем државен непријател. Во случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, има голема поделеност и во медиумите во САД.

default

Џулијан Асанж предизвикува бурни реакции во американските медиуми

„Асанж“ и „Викиликс“ се два термини, кои предизвикуваат бурни реакции во американските медиуми.

„Доколку САД сака Асанж да биде мртов, можат да го убијат, и не мора претходно да одолговлекуваат со правни детали како што е барање тој да биде израчен“, вели модераторот на телевизискиот информативен канал Фокс Њус.

Најголем државен непријател на САД

DOSSIER Teil 3 Wikileaks Symbolbild

Противниците на Викиликс се за ликвидација на Асанж

Екстремно десно-конзервативниот канал, кој е најпопуларен електронски извор на информации за многу републиканци, како и за голем број конзервативни демократи, стана гласник за сите кои веднаш би го ликвидирале основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

„Човекот е непријател на Соединетите Држави. На кој начин се постапува со непријателите, секоја ноќ покажуваат нашите специјални единици во Авганистан“, изјави пратеникот од демократите Боб Бекел за каналот Фокс Њус. „Тој треба да биде...“, нагласува Бекел и прави куса пауза. Не е потребно да зборува понатаму, оти публиката на Фокс Њус ја разбра пораката. Конечно, најголем дел од гледачите на Фокс Њус се приврзаници на смртната казна, пред се‘ кога станува збор за наводни предавници како Асанж. Боб Бекел не ја одобрува смртната казна, но во случајот на Асанж би направил исклучок:

„Постои само еден начин да се справиме со Викиликс - имено, илегално убиство на кучкиниот син Асанж.“

Водителите очигледно сметаа дека пледоајето за егзекуција на основачот на Викиликс е извонредна идеја, никој од нив не постави критички прашања и не ја осуди неговата изјава. Напротив, водителот Бо Дитл истакна дека го дели истото мислење. Конзервативниот колумнист Џоел Моубреј ја искористи платформата на информативниот канал Фокс Њус да упати повик до претседателот на САД:

„Обама, исклучи го типот од сообраќајот!“

За некои Асанж е светец

Italien USA Filmregisseur Michael Moore in Venedig Filmfestival

Режисерот Мајкл Мур го поддржува Асанж

Од друга страна, пак, американските левичарски либерални медиуми повикуваат: „Обама, додели му го на Асанж највисокото признание за храброст“. За левоориентираните американски публицисти како Гудмен или режисерот Мајкл Мур, Асанж е речиси светец, Робин Худ на интернетот, оти објавува ужасни владини тајни, за убиства на цивили и војници.

Мајкл Мур тврди дека Викиликс дури можел да го спречи нападот на Ирак во времето на претседателот Буш, оти преку платформата за разоткривање лагите на владата на Буш и Чејни навреме би биле транспарентни во целиот свет. Мур, во меѓувреме, и‘ ги стави на Викиликс на располагање сите свои компјутерски сервери, интернет страници и адреси.

Редакцијата на реномираниот магазин „Тајм“ сакаше да го прогласи Џулијан Асанж за лице на годината, но сепак изборот падна на основачот на Фејсбук Марк Цукерберг. Тој во магазинот Тајм го пофали Асанж:

„Викиликс е фасцинантен.“

Меѓу двата табора, оној на Викиликс-непријателите и оној на Викиликс-пријателите, во САД се потиснуваат смирените тонови, како на месечниот магазин „Њујоркер“, кој го поставува прашањето - што супстанцијално ново Асанж му соопшти на светот, и по која цена?

Автор: Ралф Зина/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска