1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Робин О’ Нил: Спорот за името е бизарен

Првиот медијатор во спорот за името Робин О’ Нил смета дека Атина треба да го прифати името Република Македонија, и оти Грција не претрпела никакви штети од спорот.

default

Најдобро решение е Атина да го прифати, согласно меѓународното право, името Република Македонија, смета британскиот дипломат Робин О’ Нил, кој беше прв медијатор во грчко-македонскиот спор за името.

Тој, во интервју за емисијата „Порта“ на Македонската телевизија, додава дека Грција во изминатите 20 години не претрпела никаква штета од употребата на уставното име на Македонија.

„Владите на Македонија и Грција, со помош на посредникот Метју Нимиц може да најдат ново име за Македонија прифатливо за секоја од страните, меѓутоа моето мислење е дека целиот овој спор создаден од страна на владата на Грција е бизарен“, вели О’ Нил.

Според него, пресудата на Меѓународниот суд на правдата претставува најголем дострел во спорот за името од 1995 година.

О’ Нил смета дека македонската влада треба да побара членство во Европската унија и НАТО под привремената референца и истовремено да ја потсети меѓународната заедница дека Грција се обврзала да не ја блокира земјата кога аплицира под привременото име.

Првиот преговарач додава дека никогаш не верувал оти концептот за компромис може да се примени на грчко-македонскиот спор.

„Според меѓународното право, секоја држава има право да користи име според својот сопствен избор. Ниту една држава нема право да диктира кое име треба да користи друга држава“, истакнува британскиот дипломат.

Автор: СН/АМ/макфакс/миа

Редактор: Александар Методијев

Поврзана содржина