1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Роан му го предал планот за Косово на Бан Ки Мун

Алберт Роан, заменикот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, на генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки Мун му го предлаг предлог решението за статусот на покраината. Според Радио Телевизија Србија, расправата за Косово во СБ треба да започне на 26 март. Содржината на документот нема да и биде достапна на јавноста се додека не биде преведена на сите јазици на земјите членки на СБ, што ќе потрае во следните десет дена. Агенцијата Ројтерс, пак повикувајќи се на политички извори јавува дека во анексот на предлог решението, специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари експлицитно препорачува независност на Косово, под меѓународен надзор.