1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Рита„ удри но ја намали јачината

Состојбата во Тексас и Луизијана е критична по налетот на ураганот Рита, кој за среќа ја намали јачината и според последните информации влезе во втора категорија.

Опожарен објект во Галвестоун, Тексас

Опожарен објект во Галвестоун, Тексас

Ова предмалку го потврди и националниот центар за урагани во САД. Засега, освен за големи оштетувања предизвикани од силниот ветер и обилните дождови, не пристигнуваат информации за евентуални жртви.

Најпогоден е Тексас, во делот на границата со Луизијана, регион во кој Рита налета со брзина од 190 километри на час . Речиси сите помали градови се без електрична енергија. Таква е состојбата и во градот Хјустон во кој според информациите сеуште се наоѓаат пловина милион луѓе.

Сеуште нема информации каква е состојбата во регионот во кој се наоѓаат повеќе нафтени рафинерии. Гратчето Бомонт, познат по производството на нафта речиси целосно е евакуиран

Кристал Холмс,портпарол на пожарникарските служби изјави дека таму состојбата е опасна:

„ Од цела држава пристигнуваат извештаи за оштетени градежни објекти. Имаме и неколку информации за пожари во соседството„ рече Холмс додавајќи:

Состојбата е многу опасна. Постојано ги повикуваме луѓето да останат во најсилните делови на нивните куќи и да примаат бегалци. Се забележуваат како летаат делови од куќи, едноставно не е безбедно да се наоѓаш во близина на прозорец„

Агенциите пренесуваат информации дека низ автопатиштата во внатрешноста сеуште се забележливи колони автомобили.

Но едно е најважно. Најголем дел од населението, околу гри милиони навреме се евакуираше. Но сепак има и такви кои решија да останат во засолништа. Гувернерот на Луизијана Кетлин Бланко упати апел до нив да се засолнат најдобро што можат:

„ Им благодарам на сите луѓе кои се евакуираа пред налетот на Рита. Доколку не сте евакуирани, мислам дека сега е доцна бидејќи временските услови се лоши. Морате да најдете безбедно место„

Според последните извештаи поплавени се делови и од Њу Орлеанс, градот кој настрада од ураганот Катрина. Поштеден е само северниот дел од градот.