1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Рингишпил на чувства

Германската фудбалска репрезентација го победи тимот на Азарбејџан. Натпреварот се одигра во рамки на квалификациите за Светското фудбалско првенство во 2010 год. Македонија го загуби пријателскиот натпревар со Шпанија.

default

Мирослав Клозе и Пјотр Троховски слават по постигнувањето на вториот гол против Азарбејџан

Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер (12.08.09) одигра пријателски натпревар со Шпанија. Македонските репрезентативци мечот го загубија со 3 спрема 2. Македонските фудбалери го добија првото полувреме и поведоа со 2 спрема нула преку головите на Горан Пандев во осмата и 34 минута од натпреварот. Пресвртот, гостите од Шпанија го направија на почетокот на второто полувреме, кога Фернандо Торез, Жерар Пике и Алберт Риера погодија за конечни 3 спрема 2.

Пријателскиот натпревар со европскиот првак се одигра пред околу 25 илјади гледачи на стадионот „Филип втори“, во Скопје. Натпреварот беше дел од прославата на 100 годишнината од фудбалот во Македонија, а воедно беше промовирана и новоизградената северна трибина на стадионот.

Лев: „Важно е што победивме“

Германските репрезентативци, пак, вчера во рамките на квалификациите за Светското првенство во Јужноафриканската Република наредната година, го победија Азербејџан со 2 спрема 0. Избраниците на тренерот Јоахим Лев, во Баку настапија против тимот на Азербејџан, предводен од поранешниот тренер на германската репрезентација Берти Фокс. Пред околу 30 илјади гледачи погодоците за Германија ги постигнаа Бастијан Шванштајгер и Мирослав Клозе. Тренерот Јоахим Лев по натпреварот изјави: „Ја исполнивме нашата задача, освоивме три поени. Но, согледавме дека се појавија некои проблеми во структурата и поставеноста на играта и во додавањето. Имавме чувство дека на играчите им недостасува ритам за да го издржат брзото темпо во сите 90 минути. Но, важно е што победивме“, рече Лев.

Автор: АТ/ГЧ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска