1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рим со нетрпение го очекува „урби ет орби“ на папата

Со илјадници верници папата Бенедикт 16 во текот на ноќта го прослави Велигден. Во неговата прва велигденска миса, како поглавар на католичката црква, тој го славеше воскреснувањето на Исус како одлучувачки скок во историјата на човештвотот. Денеска Бенeдiкт 16 ќе го оддржи и неговиот прв „урби ет орби“

Свети Петар во Рим

Свети Петар во Рим

Бенедикт 16 во текот на ноќта ја славеше првата Велигеденска литургија како папа. Заедно со 24 кардинали и повеќе илјади верници тој ја оддржа полноќната миса, во која црквата потсетува на воскреснувањето од мртвите на Исус Христус. На почетокот на мисата папата со запалена велигденска свеќа в рака мина низ целосно затемнетата Базилика.

Во текот на тричасовната церемонија поглаварот на црквата, според старата христијанска традиција, и крстеше седум возрасни луѓе кои годинава доаѓаат од Албанија, Јапонија, Камерун, Колумбија, Перу и Белорусија.

Во својата проповед пак папата говореше против сфаќањето дека, воскреснувањето на Исус како што црквата го слави за Велигден за денешниот човек е ирелевантно. Во зборовите на теоријата за еволуцијата, ова случување би можело да се означи како најголема мутација, рече Бенедикт 16. Станува збор за скок во целосно нова димензија, кој се однесува на секој поединец и на целата историја.

Велигденските богослужби и церемонии во петокот, саботата и денеска претпладне се придружувани и од голем број верници, меѓу нив се и некои Германци „Ми се допаѓа и се радувам што конечно можам да го видам папата.“ „Остава мил и пријателски впечаток и тоа добро влијае.“

Инаку денеска со нетрпение се очекува и првиот „урби ет орби“ на германскиот папа. Многумина се прашуваат дали Бенедикт 16 ќе ги пренесе велигденските честитки на преку 60 јазици, што беше традиција кај неговиот претходник Јован Павле Втори.

Но за Јосеф Рацингер денеска е посебен ден, не само затоа што, поглаварот на римо католичката црква ќе го каже првиот велигденски благослов „урби ет орби“. Папата денеска го слави својот 79 роденден. Како што е вообичаено, Ватикан не планира официјална програма за роденденот на папата. По благословот „урби ет орби“ на плоштадот Свети Петар во Рим, Бенeдикт 16 ќе замине во својата летна резиденција каде во приватен круг ќе го прослави и својот роденден. Но на богослужбата денеска напладне, при велигденските честитки на германскиот папа, ќе присуствува речиси целиот свет. Повеќе од 100 телевизиски и радио станици ќе го пренесуваат благословот „урби ет орби“ на папата во повеќе од 65 земји.

Благословот „урби ет орби“ е латинска формула за градот и земјината топка, и потсеќа на Антиката, кога Рим беше центар на светот. Според верувањата на католичката црква, церемонијата, за сите кои го следат благословот, во живо или преку медиумите е поврзана со отпуштање на гревовите.