1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Рими Републик“ - нова република на мултикултурализмот

Студентскиот дом „Рименшнајдер штрасе цвај“, во Бон, под еден покрив обединува седумдесетина млади луѓе од повеќе од 20 држави од светот и претставува школски пример за мултикултурализам во Германија.

default

Студентскиот дом „Рименшнајдерштрасе цвај“

„Рименшнајдерштрасе цвај“ не е само обичен студентски дом. Жителите на жолтата зграда на улицата Рименшнајдер во Хохкројц, во Бон, неодамна формираа своја република. „Републиката Рими“ нема за цел да ја наруши целовитоста на германската држава, туку да го поттикне мултикултурализмот и да покаже како под ист покрив можат да живеат млади луѓе од цел свет, секојдневно учејќи едни од други.

Studentenwohnheim Riemenschneiderstrasse in Bonn

„Рименшнајдерштрасе цвај“

Основачот на „Рими Републик“, Патрик од Полска, зборува за посебноста на „новоформираната република“: „За мене одлично во овој студентски дом е тоа што запознавам луѓе кои веднаш ми раскажуваат за своето потекло, за традициите кои ги негуваат и ги пренесуваат на другите луѓе. За возврат се дава делче и од својата култура. Ако земете предвид дека оваа размена се случува меѓу двајца луѓе, а во домот има 74 соби, тогаш не можете да си претставите каква размена на култури се одвива овде. Ефектот е енормен. Уверен сум во тоа дека човек што живеел тука открил еден цел нов свет и оти овој стекнат свет овде ќе го понесе во реалниот", вели Патрик.

Полесно соочување со културниот шок

На жителите на „Рими Републик“ не им се потребни посебни правила за да можат одлично да функционираат. Објаснуваат дека нивната република нема Устав, бидејќи најубавите нешта се случуваат спонтано. Така, спонтано, тие секое попладне се собираат на балконот или во барот во домот и разговараат за секојдневните нешта.

Studentenwohnheim Riemenschneiderstrasse in Bonn

„Рими“ бар

Животот во овој студентски дом е посебен. Жителите велат дека токму живеењето со луѓе од цел свет им помогнало да ја надминат носталгијата и полесно да се соочат со културниот шок. На Мадура од Индија, германската култура во почетокот и‘ била нешто сосем непознато. Вели дека во домот научила да се прилагоди и да ги почитува културните разлики: „Овде научив дека ако престојуваш во друга држава, мора да научиш да бидеш отворен кон различни луѓе. Понекогаш луѓето го имаат тоа чудно сфаќање дека ако културата на другите е различна од нивната култура, тогаш таа култура не е во ред. Тука видов дека девојките пијат алкохол и пушат, што во мојата земја не е дозволено, но не смеев тоа да го интерпретирам како: оваа девојка пуши, значи таа е лоша, бидејќи во суштина луѓето се добри."

Фудизам - доминантна религија во домот

И Сара од Германија открива многу за другите култури преку интернационалните вечери, иако како што вели Хосе од Мексико, ретко кои студенти се типични претставници на земјите од каде што доаѓаат. „Научив многу за културите, бидејќи тука организираме интернационални вечери, каде што секој зборува за својата култура. Имавме ’Вечер на Југоисточна Азија’ и

Studentenwohnheim Riemenschneiderstrasse in Bonn

Готвењето ги поврзува жителите на „Рими“

имаше многу луѓе од Индија и Кина, кои зборуваа за својата култура и готвеа традиционални јадења. Тогаш имавме можност да пробаме ’нова’ храна и да дознаеме нови нешта", објаснува Сара.

Освен интернационалните вечери и целата културна програма за која се задолжени менторите за култура, новата република има и уште еден знак на препознатливост – своја религија. Доминантна религија во домот е фудизам, а на неа и’ припаѓаат сите љубители на добрата храна. Тетцу од Јапонија објаснува како готвењето ги поврзува жителите на „Рими“: „Тука нема да сретнете типична храна на некоја земја, бидејќи луѓето учат за традиционалната кујна на различни земји. Ако дојдете во овој дом ќе пробате различни видови храна, што е добро искуство за секого. Јас на пример готвам индиска храна на јапонски начин, мексиканска храна на јапонски начин, навистина интересно."

„Не е важно од каде доаѓаш, важно е каков човек си“

Жителите на „Рими“ зборуваат повеќе јазици. Германски, англиски, шпански, кинески, полски се само дел од

Studentenwohnheim Riemenschneiderstrasse in Bonn

Разделбите се најтешкиот момент

јазиците кои може да се слушнат во коридорите на домот. Ако важи максимата „колку јазици зборуваш, за толку луѓе вредиш“, тогаш студентите и практикантите во „Рименшнајдерштрасе цвај“ се едни од духовно најбогатите луѓе. Билјана од Бугарија вели: „Едно од најдобрите нешта е што преку ден зборуваш 4-5 јазици и ги комбинираш: со еден човек зборуваш на англиски, со друг на германски, со трет на бугарски и е едноставно неверојатно. Освен тоа готвиме заедно, излегуваме заедно, понекогаш дури и плачеме заедно и се смееме заедно. Овие луѓе ми се како второ семејство."

Шун од Кина дополнува: „Овде е како еден микросвет. Чувствувам како тука станувам граѓанин на светот."

Сепак најтежок момент е кога некои од граѓаните треба да ја напуштат републиката. Разделбите тешко им паѓаат на сите, но и тука се гледа на светлата страна, едни студенти си одат, но доаѓаат нови. Единствено важно останува да се почитува основниот постулат на „Рими Републик“: „Не е важно од каде доаѓаш, важно е каков човек си“.

Автор: Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска