1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рикер: Медиумите се важен дел од демократијата

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер денеска оствари средба со премиерот Никола Груевски. Рикер не изнесе детали од разговорот, меѓутоа со дипломатски тон изрази загриженост за случувањата во собранието.

default

Влада на Македонија

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, кој попладнево беше на разговори во македонската влада со премиерот Никола Груевски, изјави дека судството, парламентот и независните медиуми во Македонија се соочени со проблеми. Рикер не изнесе конкретни детали за разговорите со Груевски, но во дипломатски тон изрази загриженост околу случувањата во собранието, по одлуката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз да го напушти парламентот и блокадата на сметката на телевизија А1.

Рикер порача, дека криминалот треба да биде предмет на истрага, криминалците да се гонат и да се санкционираат, но предупреди дека медиумите не смеат да се затвораат. Тоа според него е многу важен дел од демократијата, која не ја загрижува само меѓународната заедница, туку пред се’ граѓаните на Македонија.

Во однос на одлуката на СДСМ да го напушти парламентот, американскиот амбасадор Рикер со став дека тоа пред се’ е работа на демократијата на земјата. Американскиот амбасадор изјави, дека средбата со премиерот Груевски била по негово барање воочи неговото патување во Вашингтон, каде треба да поднесе извештај за настаните во земјата.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска