1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рикер: За името треба да одлучат Македонија и Грција

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за земјите од Западен Балкан, Филип Рикер од Брисел порача дека спорот со името треба да го решат Македонија и Грција. САД, според него, даваат поддршка за овој процес.

„Има напори од страна на меѓународнатa заедница за поддршка на Грција и Македонија во однос на решавање на прашањето за името, вклучително и од САД. Ние сакаме тоа да се случи и даваме поддршка на овие напори, иако не можеме да донесеме одлуки за нив. Не можеме ние да постигнеме договор за овие земји, тоа е нешто што Грција и Македонија треба да го сторат заедно“. Ова е ставот на заменик-помошникот на државниот секретар на САД задолжен за земјите од Западен Балкан, Филип Рикер, што го истакна на денешниот брифинг во Брисел.

На прашањата на дописникот на МИА од Брисел, Рикер го објасни ставот на Вашингтон во однос на Македонија, при што повторно повика на разгледување и отворање на дијалогот за последниот предлог за името од страна на преговарачот на Обединетите нации, Метју Нимиц.

„Нимиц даде нов предлог. Да, се согласувам дека ниту еден предлог не е перфектен, но поентата од предлозите е тие да се искористат како база за ангажман и преговори за да се најде решение. Примерот со Белград и Приштина од тоа како ЕУ го олеснуваше дијалогот, треба да се искористи како база околу која се придвижуваат работите напред. Другите треба да најдат решение на своите проблеми и несогласувања“, оцени Рикер.

Со оглед на тоа што САД се стратешки партнер на Македонија, Рикер беше запрашан како и помагаат на земјата за да се развива понатаму, пред се', во однос на нејзините евро-атлантски интеграции, посебно по пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

„Мислам дека, општо земено, ниту една земја како САД не направила повеќе за поддршка на Македонија, од нејзината независност, а и претходно, за пошироката транзиција, за развојот на демократските институции и цивилното општество. Имаме дадено околу милијарда долари помош за програми, вклучувајќи и работи од одбраната, со цел македонско членство во НАТО, за да се исполнат критериумите кои ние мислиме дека земјата ги исполни, а и Северно-атлантскиот совет го потврди тоа на Самитот во Букурешт во 2008 година. Се разбира, како што знаеме, Северно-атлантскиот совет донесе одлука дека Македонија ќе добие покана за членство откако т.н. прашање за името ќе се реши со Грција“, посочи Рикер.

Според заменик-помошникот на американскиот државен секретар, ЕУ ги храбри таквите ангажмани, што го прават и САД, во однос на процесот што со посредство на Нимиц се води преку Обединетите нации.

Поголемиот дел од брифингот во американската Мисија при ЕУ во Брисел, Рикер го искористи за поздравување на членството на Хрватска во Унијата, доделениот датум за преговори за Србија и за Договор за стабилизација и асоцијација со Косово, при што посочи дека тоа е доказ дека “проширувањето на ЕУ продолжува“.