1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ривалство кое датира од 17. век

Бајерн е на пат да урне нов рекорд во Бундеслигата, но вниманието на германската јавност во пресрет на 12. коло е свртено кон Хановер каде по пауза од 37 години ќе се одигра локалното дерби меѓу Хановер и Брауншвајг.

Источното против западното предградие, или Хановер против Брауншвајг, по пауза од 37 години во Хановер ќе се одигра првото вистинско дерби на Долна Саксонија во Бундеслигата. Билетите беа продадени за помалку од еден час. Но веќе со недели, фудбалот не е во центарот на вниманието, доколку стравот од ескалација на насилствата. Во пресрет на петочниот дуел меѓу Хановер и Брауншвајг, полицијата се подготвува за најлошото. „Шалке против Дортмунд е играчка во однос на она што не очекува тука“, вели Гидо Фон Кирсон од полицијата во Хановер. Ова дерби важи за меч од највисок ризик. Оттука на стадионот ќе биде забранет алкохолот, ќе се ангажираат дополнителни безбедносни служби, и ќе се формираат „бафер“ зони околу навивачките групи. Со месеци од хулиганската сцена се слушаат најави за големи нереди и организирани тепачки. Токму затоа и мечот беше закажан за в петок, на барање на полицијата, за да може да се обезбедат повеќе редари и полицајци.

Schwein irrt durch Hannover

Несолена „шега“ на навивачите на Брауншвајг: свиња облечена во опрема на Хановер

Обата тима во последниот период се во лоша форма, иако Брауншвајг во последното,11. коло ја забележа првата победа во првенството, и тоа над Леверкузен. Хановер од друга страна има освоено само еден бод на последните пет меча. Тренерите на двата тима очекуваат победа, но и бараат од играчите да ја задржат ладнокрвноста.

Ривалитетот меѓу двата града датира уште од 17. век кога „градот на лавовите“ (Брауншвајг) го загуби приматот во однос на Хановер. До мало „порамнување“ дојде во 1963 година кога екипата на Брауншвајг беше избрана да учествува во првата сезона на модерната Бундеслига, а Хановер не доби место.

Бајерн пред нов рекорд

Интересни дуели во Бундеслигата се на програмата и в сабота. Бајерн Минхен е пред нов рекорд. Откако во минатото коло баварците го израмнија рекордот од

Fußball Bundesliga 9. Spieltag FC Bayern München vs. FSV Mainz 05

Фудбалерите на Бајерн Минхен

36 меча едноподруго без пораз, сега во дуелот против Аугсбург можат и да го урнат рекордот.

Дербито се игра во Волфсбург, каде домаќините кои ја подобрија формата ја пречекуваат второпласираната Борусија Дортмунд. Третопласираниот Бајер Леверкузен го пречекува Хамбург, а Шалке ќе се обиде да ги заборави проблемите во Лигата на Шампионите со победа во дуелот против Вердер. Хофенхајм ја пречекува берлинска Херта во последниот дуел закажан за 15 и 30 часот, додека во вечерниот термин в сабота, Борусија Менхенгладбах ќе се обиде да го задржи стопроцентниот учинок на домашен терен во дуелот против Нирнберг.

В недела, традиционално закажани се дуели на тимовите кои настапуваат во Лига Европа. Ајнтрахт Франкфурт по поразот во Израел патува во Мајнц, додека Фрајбург го пречекува Штутгарт во регионалното дерби на покраината Баден Виртемберг.