1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ривалот на „Епл“, „Самсунг“ повторно со рекордна добивка

Јужнокорејскиот технолошки концерн „Самсунг“ благодарение на неговите "Галакси“ смартфони ита од рекорд кон рекорд.

Оперативнта добивка на „Самсунг електроникс“ во третиот квартал од годинава ќе порасне за 91 процент во однос на истиот квартал минатата година или за дополнителни 5,6 милијарди евра, гласат прогнозите кои денеска ги соопштија претставници на концернот во Сеул . Тоа е значително повеќе отколку што очекуваа експертите. Вкупниот промет во третото тромесечие годинава се искачил за речиси една четвртина и се предвидува да изнесува околу 36 милирди евра. „Самсунг“ стана најголем произведувач на мобилни телефони во светот а во последно време цврсто ја држи и водечката позиција на лукративниот пазар на смартфони. Покрај тоа јужнокорејскиот концерн е најголем производител на телевизиски апарати, ЛЦД-дисплеи и мемориски чипови во светот.

„Самсунг“ традиционално објавува прогноза на добивките пред официјалните резултати што ќе бидат објавени уште овој месец. Јужнокорејската компанија претрпе сериозен удар во август во правниот спор со американски Епл околу патентните права, кога американскиот сојузен суд пресуди дека прекршил одредени патентни права на Епл од подрачјето на дизајнот и софтверот, одредувајќи му парична казна повисока од милијарда долари.