1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ривалот на Ахмадинеџад-градоначалник на Техеран

И покрај притисокот на конзервативното раководство на земјата,градскиот совет на Техеран вчера го потврди изборот на еден умерен политичар на функцијата градоначалник.

„Шлаканица“ за претседателот

„Шлаканица“ за претседателот

Политичкиот табор на претседателот на државата Махмуд Ахмадинеџад ги изгуби изборите за градоначалник во иранскиот главен град.По дводневни,на моменти жешки дебати во техеранскиот градски парламент,двајцата кандидати од таборот на претседателот,Хасан Бајади и Расулд Кадем,не можеа да го добијат потребното мнозинство.Мапротив,досегашниот градоначалник Мохамед Калибав беше реизбран.Тој според агенцијата ИРНА добил 8 од петнаесет гласови.Калибав припаѓа на умерениот конзервативен табор,кој е вознемирен од политичкиот курс на конфронтации кој го води претседателот Ахмадинеџад против западот.

45 годишниот политичар,кој пред себе сега има цел петгодишен мандат,пред две години беше избран за градоначалник како наследник ан Ахмадинеџад,кому оваа функција му беше отскочна штица за успешната претседателска кандидатура.Калибав претходно беше шеф на полицијата во земјата и привлече внимание со бројните,делумно либерални реформи.Во јуни 2005 година и тој се кандидираше за претседател,но не помина во вториот круг.

Експертите не исклучуваат дека Калибав и натаму има амбиции за функцијата претседател на државата.Следниот посериозен тест за популарноста на Ахмадинеџад ќе бидат парламентраните избори во февруари идната година.Во моментов во Парламентот доминират приврзениците на исламистичкиот претседател.Но,се чини дека неговата популарност во последно време значително опаѓа,како што покажа и изборот на градоначалник на Техеран.