1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Реџепи: Македонија попречува проект финансиран од ЕУ

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи ја обвини Македонија дека го попречува отворањето на граничниот премин Станќиќ - Белановце меѓу двете земји. Според него, Македонија блокира проект финансиран од ЕУ.

default

Бајрам Реџепи, министер за внатрешни работи на Косово

Според косовскиот министер Реџепи, македонските власти барале преминот да биде од пониска категорија, односно да не работи 24 часа, што било спротивно на барањето на властите во Приштина. Причина за тоа бил неасфалтираниот пат кон преминот.

„Наспроти физибилити студијата и обезбедените фондови од Европската комисија, македонската држава ја забавува изградбата на заедничкиот премин меѓу двете држави, Станќиќ-Белановце, со образложение дека еден дел од патот, во должина од 12 километри, не бил асфалтиран, поради што тие настојуваат преминот да не биде во функција 24 часа“, изјави косовскиот министер Бајрам Реџепи, а пренесе новинската агенција Илирија, повикувајќи се на Косова прес.

Karte Raska in Serbien nahe der Grenze zu Kosovo Englisch

Македонија уште во месец март најави дека проектот за новиот граничен премин ќе се реализира оваа година

„Ние баравме преминот да работи 24 часа и за проток на стока, додека Македонците поради штедење или други причини инсистираа тој да биде од Б или Ц категорија“, изјави Реџепи.

На почетокот од март годинава, македонскиот министер за локална самоуправа Невзат Бејта најави дека во текот на оваа година Македонија и Косово, во рамки на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка, ќе реализираат заеднички проект вреден 1,2 милиона евра. Проектот, освен изградба на зграда по примерот на европските држави, предвидува и изградба на пат во должина од 17 километри на потегот Белановце - Станчиќ, согласно стандардите на ЕУ.

Поврзана содржина