1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рељиќ: Мала предност има актуелната коалиција во Србија

Резултатите од изборите во Србија се очекувани. Сите варијанти за владини коалиции се можни, вели во интервју за ДВ, Душан Рељиќ од берлинската Фондација за наука и политика.

Душан Рељиќ во интервју за Дојче веле истакнува дека изборите во Србија покажале дека дека голем дел од населението не е премногу задоволно од актуелните, доминирачки партии, но и оти тоа не гледа вистинска алтернатива. Затоа ваквите резултати беа за очекување. Според него можат да се замислат сите можни варијанти за коалицирање.

„Веројатно дури по вториот круг од претседателските избори на 20 мај ќе се знае како завршила меѓу-партиската трговија и кој ќе ја состави новата влада на Србија. Но, меѓу аналитичарите во Белград надвладува мислењето дека мала предност во моментов има актуелната коалиција, значи Демократската партија на претседателот Тадиќ, социјалистите на Ивица Дачиќ и трет партнер, кој би можел да се промени“, вели политичкиот аналитичар.

Дачиќ си ја крева вредноста?

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ, според оценките на аналитичарите, е фактички победник на изборите и покрај третото место по процентот на освоени гласови, зад партиите на Тадиќ и на Томислав Николиќ. Без негова поддршка не може да биде формирана никаква владина коалиција, што во преден план сега според аналитичарите ги исфрлува неговите амбиции за премиер на Србија.

Makedonien auf dem Weg in die EU

Душан Рељиќ

Рељиќ смета дека ќе биде премногу неверојатна зделка една партија со 15-16 проценти освоени гласови, односно 48 места во 250-члениот парламент на Србија, да го даде премиерот.

„Тоа е амбиција на господинот Дачиќ, но мислам дека големите партии, се’ едно дали повторно ќе коалицира со Демократската партија на Тадиќ или со Српската напредна партија на Николиќ, повторно ќе го вратат на неговата вистинска големина“, вели аналитичарот.

Тешко ќе проаѓаат ветувањата за сјајна иднина во ЕУ

Што се однесува на патот на Србија кон ЕУ, Рељиќ укажува на фактот дека околу 80 проценти од гласовите на изборите биле дадени за партии кои го поддржуваат членството на Србија во Унијата. Меѓутоа, како што истакнува, ослабнато е уверувањето дека членството во ЕУ може да ги реши бројните проблеми во земјата, бидејќи населението во Србија исто така ги гледа вестите од странство и за тешката економска состојба во која се наоѓа ЕУ и еврото. Според него, евроинтеграцискиот процес на Србија во прв ред ќе зависи од тоа колку ќе се продлабочи економската криза во Југоисточна Европа.

„Само во Србија од 2009-та година наваму околу 450 илјади луѓе останале без работа. Слично изгледа и во Босна и Херцеговина, во Македонија и секако во Косово. Во таа смисла не економските, туку егзистенцијалните прашања стануваат најважни за населението. Со големи ветувања за сјајна иднина во ЕУ веројатно повеќе не ќе може толку често да се освојуваат гласови“, истакнува Рељиќ.