1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рејтинг агенцијата Фич го потврди американскиот бонитет

Рејтинг агенцијата Фич ја потврди најдобрата оценка за кредитоспособноста на Соединетите Американски Држави- ААА.

Агенцијата истовремено напомена дека оценката останува со забелешка за негативни изгледи, што значи се заканува намалување. САД располагаат со стабилна економија, образложи Фич. Но, агенцијата е загрижена поради тоа што американските политичари не можат да се договорат околу стратегија за намалување на дефицитот. САД имаат висок државен долг, кој се зголеми дополнително во изминатата економска криза. Кај водечката рејтинг агенција Стандард и Пурс меѓутоа речиси една година САД имаат само втора по ранг најдобра оценка, АА+. Полоша оценка за кредитоспособноста може да ги зголеми каматите, што одредена земја ги дава за позајмените пари на финансиските пазари.