1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рејтинг агенциите се контрапродуктивни

Трите најважни рејтинг агенции потфрлија како систем за рано предупредување на финансиските пазари. Тие ја преспаа хипотекарната криза во САД. За време на еврокризата дејствуваа предоцна, а сега ги отежнуваат реформите.

default

Тие всушност би морале да имаат функција на будилник. Рејтинг агенциите треба навремено да го насочат вниманието на инвестотирите на ризиците и колку што е можно на должниците кои набргу ќе бидат во теснец.

Но во реалноста алармот често доаѓа предоцна. На пример кога агенциите во 2009-та започнаа да го намалуваат кредитниот рејтинг на Грција, земјата веќе беше длабоко пропадната во калта од долгови.

Голема моќ на рејтинг агенциите

Logo der Moody's Corp. in New York

Често чекорите на агенциите дури имаат и контрапродуктивно дејство. Иако Европа сега планира да штеди и се стреми кон реформи, агенциите и натаму ги спуштаат палците и со тоа ја прават промената на курсот уште потешка. Имено полошиот кредитен рејтинг ги поскапува кредитите, бидејќи многу инвeститори се ориентираат на него.

Многу моќ се наоѓа во рацете на трите агенции со седиште во САД. Стандард и Пурс и Мудис имаат околу 80 проценти учество на пазарот а на Фич отпаѓаат уште 15. Остатокот е за маргиналните играчи.

Притоа големата моќ на тројката не е од ѓутуре. Имено големите финансиски институции како и осигурителните компании според законите смеат да ги инвестираат во дел своите средства само во финансиски производи кои имаат добар рејтинг.

Автор: Јан Палокат/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски