1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Рејтингот на САД падна за првпат во историјата

Рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“ го намали бонитетот на САД. Обидите на американската влада и Конгресот да ја стабилизираат економската состојба не се доволни, смета агенцијата.

default

Три дена по компромисот околу мерките за намалување на државниот дефицит, подигање на границата за долговите и заштеда во висина од два билиона долари, американската рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ ја намали оценката за бонитетот на најголемата економија во светот (САД) од највисоката ААА, на пониската АА+. Рејтинг агенцијата смета, дека мерките кои ги усвои Конгресот минатава недела не се доволни, за да ја стабилизираат економската состојба на земјата. Агенцијата исто така оценува дека долгорочнaта перспектива ќе биде негативна. Доколку САД не ги стават под контрола долговите „би можеле во наредните две години да го намалиме рејтингот на АА“ се вели во соопштението на рејтинг агенцијата.

Како последица од намалување на рејтингот на САД, експертите не исклучуваат натамошни турбуленции на финансиските пазари. Исто така можно е да дојде до покачување на каматните стапки.

Претставник на американската влада во Вашингтон изјави дека анализата за економската состојба на рејтинг агенцијата содржи фундаментална грешка.

NO FLASH USA Schuldenkrise

САД беа оценувани со ААА од страна на „Стандард енд Пурс“ уште од самото основање на агенцијата во 1941 година. Најстарата рејтинг агенција „Мудис“ пак ги оценува САД со ААА од 1917 година. Оваа рејтинг агенција како и третата водечка рејтинг агенција „Фич“ неделава исто така дадоа оценки за кретидната способност на САД. „Мудис„ и „Фич“ и натаму се придржуваат до највисоската оценка ААА, меѓутоа „Мудис“ изрази скепса во однос на долгорочниот развој, додека „Фич“ јасно посочи, дека и натаму будно ќе ја набљудува должничката криза во САД.

Со намалување на бонитетот американските државни обврзници, кои впрочем се сметаа за најсигурни во светот, се пониско проценувани од обврзниците на земји како Германија, Велика Британија, Франција и Канада.

Автор: АТ/ дв/ дпа/ миа

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM