1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Решенија за подобар здравствен систем

Светската здравствена организација во Берлин го претстави извештајот за финансирање на здравствените системи. Тој содржи решенија за големите трошоци за здравствена заштита.

default

Генералната директорка на Светската здравствена организација Маргарет Чан

Светската здавствена организација на 100 страници ги наведе најзначајните проблеми и решенија при финансирањето на трошоците во здравството. Тоа се општи сознанија кои се однесуваат на земји како централна Африка со просечна старост од 48 години и давачки за здравствена заштита од 55 долари годишно по човек, како и за Швајцарија со просечна старост над 80 години и давачки за здравствена заштита по човек од 4.300 долари.

Неопходна е соодветна политика

Gesundheit wird teurer

Земјите можат да ги подобрат условите и да се заштитат од финансиски ризици

Генералната директорка на Светската здравствена организација, Маргарет Чан зборува за сите 193 земји-членки: „Сите земји, на различни нивоа во развојот, може да преземат итни мерки за општата здравствена заштита и да ги загарантираат достигнувањата. Земјите кои воведуваат соодветна политика, можат значително да ги подобрат услугите и да се заштитат од финансиски ризици, независно од нивото на давачките.“

Чан е позната по отвореноста, но сепак избегна коментари за политиката на поединечните земји-членки. Таа не ги коментираше најновите реформи на здравствениот систем во Германија или здравственото осигурување на Обама. Но, таа е категорична околу конкретните барања кои треба да важат за сите земји: Директното плаќање за време на лекарскиот третман не нуди заштита од расипничко однесување на здравствените установи, туку го предизвикува токму спротивниот ефект. Така сиромашните немаат можност за основна здравствена заштита, а оние кои се лекуваат осиромашуваат.“

Солидарна организација на здравствените системи

Dirk Niebel West Bank Nablus

Германскиот министер за развој Дирк Нибел

Според извештајот подобра здравствена заштита е можна само со солидарна организација на здравствените системи, односно рамноправни услови за сите, без разлика на примањата. Во моментов се расфрлаат од 20 до 40 проценти од средствата во здравствениот систем. За да се гарантира здравствената заштита и во сиромашните земји, тие треба да бидат сигурни дека ќе добијат помош за трошоците од странство.

Германскиот министер за развој Дирк Нибел уверува дека Германија и понатаму ќе помага за трошоците за меѓународните здравствени програми: „Потполно оправдани се нашите критики за големата фрагментираност на организациите. Токму поради тоа, покрај соработката со мултилатерални институции, активни сме и во билатералниот сектор. Сметаме дека можеме да помогнеме во имплементацијата на комплетни здавствени системи.“ Изминатите месеци Нибел често беше напаѓан поради неговата критика за меѓународните организации.

Маргарет Чан, директорката на Светската здравствена организација, не му противречи по тоа прашање. Таа исто така избегнува одговор на прашањето за ветеното зголемување на средствата за развој на 0,7 проценти од домашниот бруто производ: „Нагласувам дека поголемите давачки се‘ уште не гарантираат резултати во здравството. Одлучувачка е конкретната политика.“

Клучните милениумски цели

AIDS-Schleife HIV AIDS Symbolfoto

Земјите-членки на ОН ветија дека ќе го спречат ширењето на сидата

Таа не се осмели да даде прогноза дали се‘ уште е можно да се постигнат клучните милениумски цели на полето на здравството. Бројот на инфицирани до туберколоза и маларија опаѓа, со програмите за вакцинација се намалила смртноста кај децата, а успех е забележан и при справувањето со вирусот ХИВ. „Има подобрувања, но тие се нерамномерни и непостојани. До 2015 година мора многу да работиме.“

Земјите-членки на ОН ветија дека дотогаш ќе ја намалат смртноста кај мајките за три четвртини, смртноста кај децата за две третини и ќе го запрат ширењето на ХИВ и сидата.

Автор: Матијас Белингер/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска