1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Решение за Косово надвор од ОН?!?

„Ако Русија го спречува Советот за безбедност на ОН да одигра соодветна улога во решавањето на статусот на Косово, тогаш процесот ќе продолжи надвор од Советот“ - се закани американскиот амбасадор при ОН, Калилзад.

default

Американскиот амбасадор при ОН, Залмај Калилзад

„Или Советот за безбедност ќе се занимава со оваа тема и Русија ќе игра конструктивна улога, правејќи чекор во исправна насока или Русија ќе биде одговорна што процесот во иднина ќе се одвива надвор од Советот“. Ваквиот притисок од американскиот амбасадор при ОН не вроди со плод. Неговиот руски колега Виталиј Чуркин повторно го одби малку изменетиот предлог резолуција на шесте Западни земји предводени од САД. Најновата верзија се откажува од рокот од 120 дена за новите преговори меѓу Косовските Албанци и Србите и предлага во преговорите да се одреди дали ќе се најде можност за изнаоѓање компромисно решение.

Според информациите од Светската организација предлог резолуцијата денеска ќе се најде на расправа во Советот за безбедност. Дали ќе дојде и до гласање, тоа за сега останува отворено. Западни дипломати предупредуваат Русија да не се става под притисок да мора да го искористи правото на вето во Советот, бидејќи со тоа ќе биде отежната соработката во рамките на Контакт групата за Косово. Во групата покрај САД и Русија членуваат уште Велика Британија, Германија, Франција и Италија.

Западните земји за продолжување на преговорите

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер предложи продолжување на преговорите за идниот статус наспроти застојот во Светската организација. Натамошните разговори во секој случај треба да се потпираат врз планот на Марти Ахтисари, нагласи Штајнмајер по средбата со британскиот колега Дејвид Милибанд во Берлин. И координаторот на европската надворешна политика Хавиер Солана се изјасни за продолжување на преговорите околу статусот, дури и ако не се најде решение за нова резолуција во Советот за безбедност.

Со тоа под одредени услови би бил отворен патот за признавање на Косово како независна држава од страна на САД и членките на ЕУ. Тоа би имало секако далекусежни последици за регионот. За можните алтернативни решенија околу статусот денеска во Вашингтон ќе стане збор и на најавената средба на шефицата на американскиот Стејт департмент Кондолиза Рајс со претставници на косовската влада.