1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Решение за Косово и преговори за стабилизација и асоцијација со Србија и Црна Гора

Претставникот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана од синоќа престојува во Србија. Во овие моменти е на средба со претседателот на Србија и Цран Гора Светозар Маровиќ, по која е најавено дека соговорниците ќе дадат изјави за јавноста. Потоа Солана ќе ја посети и Приштина.

Српскиот претседател Борис Тадиќ и претставникот на ЕУ Хавиер Солана

Српскиот претседател Борис Тадиќ и претставникот на ЕУ Хавиер Солана

Синоќа, веднаш по пристигнувањето во Белград, тој се состана со српскиот претседател Борис Тадиќ и со премиерот Воислав Коштуница. Во најавите од страна на кабинетот на Солана стануваше збор за тоа дека почеток на преговори за иднината на Косово е главна цел на посетата, но во соопштението на српската влада за синоќешните разговори се зборува само за европската интеграција на Србија и Црна Гора. „Заеднички е истакнато дека во наредниот период мора да се вложат максимални напори за успешно да започнат преговорите за стабилизација и асоцијација и тие да завршат ефикасно и во најкраток рок“ – се вели во соопштениего. Впрочем, и европската интеграција на Србија и Црна Гора е дел од севкупното решение за Балканот, можеби и поврзан со изнаоѓање излез за косовскиот проблем.

Инаку, Душан Батаковиќ, светник на српскиот претседател Тадиќ, за белградскиот весник „Блиц“ го повторува ставот дека е „неприфатлив каков било облик на независност на Косово, бидејќи тоа ќе предизвика сериозни регионални последици“. „Иднината на Косово е врзана за судбината на Србија и натамошен обид за раздвојување би го вратиле целиот овој простор во динамиката на непредвидливи судири и долгорочен хаос“, оценува Батаковиќ, кој во кабинетот на Тадиќ раководи со тимот за решавање на проблемите на Косово.