1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Решение за името – термин без зборот Македонија

*

Атина под взаемно прифатливо решение за спорот околу името подразбира термин кој во себе нема да го содржи зборот Македонија или негови модификации, оти таа земја не смее да се помеша со останатите географски области во Грција и Бугарија наречени Македонија - изјави грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани во интервју за весникот “Катимерини”. Атина е цврсто решена да го искористи правото на вето во НАТО доколку Скопје и натаму не сака да отстапи од својата позиција, тврди весникот.