1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Решение за името, па официјална покана за НАТО

Македонија ќе добие официјална покана за членство во НАТО, веднаш штом ќе биде најдено взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Ова се наведува во Декларацијата, усвоена на јубилејниот Самит на НАТО

default

Лидерите на земјите-членки на НАТО со заедничка порака до Македонија

Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО од Самитот во Стразбур и Кел порачаа дека веднаш штом во рамките на Обединетите нации, ќе биде најдено взаемно прифатливо решение за прашањето за името, Република Македонија ќе добие официјална покана за членство во НАТО. Овој нивен став беше официјализиран во текстот на Декларацијата усвоена на јубилејниот Самит на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО, чии домаќини беа Франција и Германија.

Nato Konferenz Abschlusstag

Барак Обама во Стразбур имаше билатерална средба со грчкиот премиер Костас Караманлис

Нерешениот спор со името беше тема и на кратката средба која грчкиот премиер Костас Караманлис ја имал со американскиот претседател, кој со внимание ја ислушал грчката позиција за севкупната политика, која ја води на Балканот. Караманлис, изрази задоволство од усвоениот текст на Самитот.

Претседателот Барак Обама, во однос на Македонија го повтори досегашниот став на американската администрација, велејќи дека „со нетрпение го чека денот, кога ќе може да ја поздрави Македонија како членка на Алијансата.“

Самитот проследен со насилни протести

Nato Konferenz Abschlusstag Proteste

Демонстранти се собираат кај запалената поранешна станица за гранична контрола во Стразбур

Според американскиот претседател Барак Обама, вратите на НАТО ќе останат отворени за сите земји, кои ги исполнуваат стандардите на НАТО и кои ќе даваат значаен придонес за безбедноста на Алијансата.

Шефовоите на државите и влади успеаја да постигнат согласност за испраќање на додатни 5000 војници како засилување во Авганистан и околу новиот Генерален секретар на НАТО, данскиот премиер Андерс Фог Расмусен.

Вчерашниот ден, Стразбур беше жртва на досега незапаметено насилство во европската престолнина, покрај судирите со француските и германските сили на редот, неколку радикални групи запалија еден хотел и граничната зграда на француската полиција и царина. Официјалните информации зборуваат за десетина повредени и неколку стотина уапсени.


Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM