1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Решението е во новата стратегија?

Претставници на над 90 држави и организации во Ден Хаг дебатираат за иднината на Авганистан. Во центарот на средбата е борбата против тероризмот во земјата. САД предлага нова стратегија како решение за проблемите.

default

Ситуацијата во Авганистан не е добра. На крајот на минатата недела, американскиот претседател Барак Обама оцени дека состојбата е сериозна: „Ситуацијата станува се‘ поопасна. Поминаа седум години откако беше урнат талибанскиот режим, но воените судири продолжуваат, а бунтовницните контролираат цели делови долж границата меѓу Авганистан и Пакистан.“

Во суштина, меѓународните трупи под команда на НАТО се далеку од победа во борбата против тероризмот. Токму за тоа станува збор. „Имаме јасна цел. Се работи за тоа да ја победиме Ал Каеда во Пакистан и Авганистан, и да спречиме тие да се вратат во која било земја во иднина,“ рече Обама.

Акцент на цивилната обнова

Во справување со проблемите треба да помогне новата стратегија за Авганистан, која Обама ја претстави минатата недела. Таа ќе биде централна тема на денешната средба во Ден Хаг. Притоа, не

Obama zu Afghanistan

Американскиот претседател Барак Обама предложи нова стратегија за Авганистан

се работи само за зголемување на бројот на трупите во борбата против тероризмот. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави: „Се радуваме на она што ќе ни‘ го каже Обама. Се работи за добар баланс меѓу цивилниот ангажман и помош во обновата од една страна, и продолжување на военото присуство од друга страна.“

Обама најави дека САД ќе го зголемат бројот на американски војници во Авганистан и ќе помогнат во обуката на армијата и полицијата. Истовремено треба да бидат изготвени и повеќе проекти за обнова во провинциите. Американците исто така очекуваат повеќе на овој план и од своите сојузници. „Како што Америка прави повеќе, ќе ги замолиме и нашите сојузниците да дадат поголем придонес. Од НАТО-партнерите не бараме само да придонесат со поголем број војници, туку се работи за тоа да ги обезбедиме изборите во Авганистан, да се засили обуката на армијата и полицијата и да се зголеми цивилниот ангажман.“

И соседите напомош

Германија веќе вети дека ќе испрати дополнителни 600 војници во Авганистан, кои пред се’ ќе ги обезбедуваат претседателските избори закажани за август. Со новата стратегија, Обама исто така сака во овој процес повеќе да ги вклучи и соседите на Авганистан.

Karte Region: Pakistan, Indien, Afghanistan und Kaschmir

Се бара помош и од соседите

Барање, кое веќе го постави авганистанскиот претседател Хамид Карзаи:

„Авганистан и целиот регион не може да бидат безбедни, без подобра координација со нашите соседи. Се работи за тоа да се изгради меѓусебна доверба.“

Повеќе треба да биде вклучен пред се’ Пакистан. Оваа земја, исто како јужниот и источниот дел на Авганистан е упориште на Талибанците и Ал Каеда. Но, не само тие: Американците направија уште поголема отстапка и на средбата во Ден Хаг го повикаа и својот крвен непријател Иран.

Автор: Михаел Бекер / Невена Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина