1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Решавачки самит на ЕУ за Уставот

Во петок започнува решавачкиот самит за уставот на Европската унија, но на повидок се уште нема компромис. Вчера во Брисел се сретнаа министрите за надворешни работи на разговори за спорните прашања, но по се, решенијата ќе мораат да се бараат на самитот.
Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер го подвлекува значењето на уставот за проширувањето на Унијата. Предизвик за самитот е со уставот да се унапреди обединувањето на Европа. Тоа, а не националните интереси се единствената мера, изјави Фишер вчера во Брисел. Денеска во Париз ќе бидат одржани неформални германско-француски консултации. Четири дена пред решавачкиот самит за првиот устав на Европската унија, позициите се премногу зацементирани, изјави Фишер. Суштина на преговорите не смеат да бидат националните интереси, вели германскиот министер:
"Не сакам да ширам песимизам, но од сите учесници се бара да се ориентираат кон европскиот дух, кон духот на европски компромис. Само така унијта на 25 и повеќе ќе добие устав кој ќе трае години и децении и ќе ја држи заедно и ќе ја направи ефикасна".
Според него не доаѓаат предвид промени во уставот кои нема да придонесат за неговото подобрување. Евентуално е можно продолжување на преговорите во наредната половина година кога ќе претседава Ирска. Германија, како Италија и Франција опстојува на решението за двојно мнозинство од земјите членки и 60 насто од населението при донесувањето на решениејата на идниот министерски совет. Шпанија и Полска напротив бараат да се задржи решението од самитот во Ница кој предвидуваше двотретинско мнозинство на членките и 72 насто од населението. Јошка Фишер смета дека тие заклучоци од Ница и потоа од Амстердам не се доволни:
"Амстердам и Ница се далеку зад потребите на европските интегративни процеси. Особено Ница".
Тој подвлекува дека ништо не е решено додека не биде решено. Сите страни задржуваат простор за преговори до крајот, до таканаречената ноќ на долгите ножеви. Инаку, Фишер синоќа отпатува за Париз каде што денеска ќе пристигне и сојузниот канцелар Герхард Шредер на неформална средба со франскиот претседател Жак Ширак и францускиот шеф на дипломатијата Доминик де Вилпен. В четврток Шредер ќе се сретне и со полскиот претседател Александар Квашњевски во последен обид спорот околу тежината на гласовите да се реши пред самитот.