1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Решавачки натпревар против екс-клубот

За Михаел Бискенс, тренерот на Гројтер Фирт, 20. коло во Бундеслигата би можело да биде кобно. Ако сака да ја задржи работата како тренер, тогаш ќе мора да победи, и тоа против клубот каде ги доживеа најголемите успеси.

Михаел Бискенс се’ уште го обожуваат во Шалке. Тој е тука идол, член на семејството, сите го викаат само Мајк. Овој амбициозен играч од средниот ред вкупно 257 пати истрчал на фудбалскиот терен во дресот за Шалке. Бил и член на екипата на Шалке која во 1997. година сензационално стана европски првак. Освен тоа, имал можност заедно со колегите од Гелзенкирхен два пати да ја слави победата во германскиот фудбалски куп.

По неговата кариера како професионален фудбалер, започна со кариера на тренер. И тоа каде? Секако во Шалке! Бискенс веќе 3 години е тренер на Гројтер Фирт, со кој во ова 20. коло во тековната сезона на Бундеслигата доаѓа кај Шалке во фудбалска посета. Меѓутоа, под лоши услови.

Гројтер Фирт се наоѓа на последното место на табелата и оваа сезона фудбалерите на овој клуб победија во еден од вкупно 19 натпревари. Ако забележат уште еден јасен пораз, времето за Бискенс во Фирт би можело да завршено. А тоа би можело да се случи токму на средбата со Шалке, во кој поминал 17 години од својата кариера. „Многу му се радувам на тој натпревар, затоа што Шалке значително ме определи како играч и човек. И поради тоа со големо задоволство оваа сабота се враќам на тоа место“, рече Бискенс.

Инаку во првиот натпревар од 20. коло во Бундеслигата Вердер од Беремен беше поуспешен од Хановер. Кобен за гостите беше Нилс Петерсен кој во финишот од средбата (85. и 88.минута) ги постигна двата гола за победа на домаќините.

Fussball 1. Bundesliga FC Bayern München - 1. FSV Mainz 05

Николче Новески во дуел со Томас Милер (архива)

Денеска ќе се одигра првиот од двата дерби натпревари во ова коло. Во Мајнц, истоимениот тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, го пречекува лидерот на табелата Баерн Минхен.

Средбата ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартуваат и натпреварите: Волфсбург - Аугсбург, Хофенхајм - Фрајбург и Фортуна Диселдорф - Штутгарт, додека натпреварот Хамбургер - Ајнтрахт ќе започне од 18 часот и 30 минути.

За утре се предвидени натпреварите Нирнберг - Борусија Менхенгладбах и вториот дерби дуел во кој второпласираниот Баер Леверкузен ќе биде домаќин на шампионот Борусија Дортмунд, која во моментов е на третото место на табелата.