1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Решавачкиот чекор е направен

Барак Обама нареди затворање на затворот Гвантанамо на Куба. Чекор што требаше да биде направен одамна.

default

Крај за Гвантанамо

Претседателот Обама е сериозен - како претседателски кандидат вети дека ќе го затвори американскиот воен затвор Гвантанамо, а како претседател ваквото ветување го оствари веќе на вториот ден по преземањето на должноста. Тоа е чинот на кој што чекаше светот. Неговото симболично значење е многу големо. Гвантанамо, покрај злоставувањата на затворениците во Абу Граиб, е симбол на свртувањето на американската политика од правото и законот. Тој во очите на светот ги направи САД морално неверодостојни. Екстремистите тоа го користеа за ширење омраза. Затоа, затворањето на воениот затвор е и анти-терористичка мерка.

Почеток на долг процес

Со затворањето на Гвантанамо САД повторно се враќат на патот на верност кон законите, како што најави и претседателот Обама на првиот ден од преземањето на должноста. Привременото запирање на сите постапки и преиспитување на причините за затворање на преостанатите 245 затвореници, забраната за измачување која важи и за тајните служби, како и генералното преиспитување на методите на апсење што ги имаат американската војска и тајните служби, го поткрепуваат стремежот за почитување на меѓународно признатите правни стандарди.

Сепак, сите овие наредби се само почеток на еден долг, компликуван процес. Затворањето на Гвантанамо не може да се направи преку ноќ. Зашто, во едно не треба да се има илузии - во Гвантанамо седат луѓе, од кои барем дел, се извршители на

Fernschreiber Christina Bergmann

Кристина Бергман

тешки злосторства. Таквите луѓе да бидат едноставно ослободени не е можно. Нивното натамошно сместување и кривично гонење е проблематично. Измачувањето и другите противправни дејства преземени врз затворениците, тука ќе се покажат како бумеранг. Секој цивилен суд ќе ги отфрли доказите до кои што се стигнало под вакви услови, дури и ако се тие веродостојни.

Една година за решавање на проблемите

Претседателот Обама тоа го имаше предвид, па потпиша различни уредби и, меѓу другото, свика работна група која треба да се занимава со прашањето - што ќе се случува со затворениците? Претседателот Обама им даде на правниците, луѓето од армијата и дипломатите, време од една година за решавање на многуте проблеми. Зашто, зад „проблемите“ има многу човечки судбини, како судбините на 17-темина Ујгури кои се невини, но кои не можат да бидат вратени назад во Кина, затоа што таму ќе бидат измачувани.

Тука сега се повикани земјите кои со години бараат затворање на затворот. Министрите за надворешни работи на ЕУ, на нивната средба, наредната недела во Брисел, би можеле да и‘ дадат поддршка на промената на американската политика. Зашто, во борбата против меѓународниот тероризам е потребно заедничко дејствување. Првиот, решавачки чекор од другата страна на Атлантикот, е направен.

DW.COM