1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Речиси сигурен вториот мандат на Бан Ки Мун

Досегашниот генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун е единствениот кандидат денеска при изборот во Њујорк. За вториот мандат на угледната функција тој ја доби поддршката на постојаните членки во Советот за безбедност.

epa02769347 A handout photo made available by the United Nations showing United Nations Secretary General Ban Ki-moon formally announcing his candidacy for a second five-year term as UN Secretary General at United Nations Headquarters in New York City, New York, USA, 06 June 2011. Ban has served as Secretary General of the UN since 01 January 2007. EPA/EVAN SCHNEIDER / UN PHOTO / HANDOUT MANDATORY CREDIT, EDITORIAL USE ONLY, NO SALES

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Бан Ки Мун се чини дека има повеќе критичари, отколку симпатизери. Мненијата околу него се движат од пофалбите дека е внимателен, но упорен градител на мостови, па се’ до критиките дека е безобличен мекуш. За неговиот стил зборува и начинот како ја истакна кандидатурата за втор мандат како генерален секретар на ОН: „Би ми била голема чест, доколку можам да служам уште еден мандат.“

Неговиот избор се смета за речиси сигурен, бидејќи ја доби поддршката од петте постојани членки во Советот на безбедност на ОН и од Германија. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле оцени дека Бан Ки Мун се залага за порамнување, фер односи и мирно надминување на конфликти.

UN-Generalsekretär Ban Ki Moon telefoniert am 23.02.2011 mit dem Generalsekretär der Arabische Liga, Amre Mussa. Der syrische Machthaber Baschar al-Assad geht auf Konfrontationskurs mit der internationalen Staatengemeinschaft. Als Ban ihn am Freitagabend (10.06.2011) ans Telefon zu bekommen versuchte, ließ ihn Assad abblitzen. Nach Angaben einer UN-Sprecherin wurde dem Chefdiplomaten der Weltorganisation mitteilte, er sei «für ihn nicht verfügbar». Ban hatte Syriens Präsidenten zum Halt der brutalen Militäreinsätze auffordern wollen, hieß es am Samstag von Seiten der Vereinten Nationen. Foto: UN Photo/Paulo Filgueiras dpa +++(c) dpa - Bildfunk+++

Големи успеси изостанаа

Во досегашниот мандат генералниот секретар на ОН не може да се пофали со некои големи успеси. Кога го наследи харизматичниот Кофи Анан на функцијата во 2007 година, Бан вети мир на Блискиот Исток и во кризниот регион Дарфур. Од тоа досега нема остварено многу, исто како што не му појде од рака да го реформира огромниот апарат на Светската организација.

Тивкиот Кореанец остана сепак запамтен по ангажаманот за правата на жените. На Денот на жената, 8 март тој порача:

„Девојките и жените од целиот свет треба да знаат дека еднаквоста на родовите и еднаквоста во шансите што тие ги добиваат се неодминливи права!“

Бан се заложи и за нуклеарно разоружување. На една конференција на ОН на оваа тема, тој порача:

UN Secretary-General Ban Ki-moon, speaks during a press conference after a meeting of the international organizations on Libya at the Arab league headquarters in Cairo, Egypt, Thursday, April 14, 2011. U.N. Secretary-General Ban Ki-moon chaired a meeting Thursday of international and regional organizations in Cairo to improve the coordination of the international response on Libya. (AP Photo/Khalil Hamra)

„Оваа тема предолго спиеше, затоа сега кревам тревога. Во поглед на атомското оружје потребен ни е конкретен план.“

Поддршка за „арапската пролет“

Освен тоа Бан се залагаше и за заштита на климата, иако за време на првиот негов мандат не беше потпишан нов договор за климата по оној од Кјото. Конечно, сегашниот генерален секретар ги поддржа и промените во арапските земји и на Блискиот Исток. Откако либискиот амбасадор при ОН се дистанцираше јавно од режимот на Моамер ел Гадафи, Бан изјави: „Бевме сведоци на невообичаен, историски миг во Советот за безбедност.“

Бан Ки Мун во неговата татковина, Јужна Кореја се нарекува „лизгава јагула“, додека во Њујорк го сметаат за „мекуш“, меѓу другото и затоа што стисокот на раката е сосема мек, а гласот му е многу тивок.

Автор: Клаудија Заре / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска